Контакт

Економија

Николовски во Македонска Каменица: Подеднакво инвестираме и се грижиме за секоја општина

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, по повод Денот на рударите и Денот на Општината беше во посета на Општина Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

Заедно со градоначалничката на Општината, Соња Стаменкова, присуствуваа на народниот црковен собир по повод христијанскиот празник Света Богородица и на промоцијата на новиот Младински парк во Македонска Каменица.

Вицепремиерот Николовски, упати честитки кон рударите и кон Општината за досегашните реализирани проекти за развој на Македонска Каменица.

„Сметам дека е од исклучителна важност младите во едно општество да имаат глас, во каква средина сакаат да живеат и да им биде отстапен простор да ја креираат, впрочем како што е направено со уредувањето на паркот пред кој стоиме. Нека биде ова мојата порака до сите носители на одлуки, направете простор за младите, во буквална и фигуративна смисла. За да ги задржиме младите мораме да креираме средина која го овозможува нивниот развој и не смееме сами да одлучуваме како таа ќе изгледа. Македонска Каменица не е општина која е изоставена од нашиот план за рамномерен регионален развој. Оваа Влада работи на развојот на недопрениот источен и североисточен регион и ги фокусира инвестициите за развој на туризмот преку целосно искористување на природните убавини и потенцијалот на нашата држава“, рече вицепремиерот Николовски.

Притоа, вицепремиерот изјави дека сите мерки и проекти што се преземаат како планот за изградба на модерен ски-центар на Царев врв, патните инфраструктурни и други инвестиции, се во насока на подобрување на условите за живот и животниот стандард.

Градоначалничката Стаменкова, изјави дека континуирано се инвестира во развој на Општината, и за следниот период се предвидени крупни инвестициски проекти.
Честитајќи го Денот на рударите, вицепремиерот Николовски, потенцираше дека Владата ќе продолжи да ги поддржува и да ги унапредува нивните права.

„Веќе три години е на сила Законот за рударите, со кој се овозможува пензионирање без оглед на возраста на работниците. Сега рударите можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени, односно, ако до 2018 година просечната возраст на пензионирање кај рударите беше 58 години, согласно новиот закон може да се пензионираат по навршувањето на 50 години“.

Економија

Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30.6.2025 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,502%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,230%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 2,494% и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,000% поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,2765% %

Од 8.7.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 39,409 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,174 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.7.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Подаваме рака на домашните и на странските инвеститори не само декларативно, туку суштински

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Владата води активна и отворена политика кон привлекување инвестиции и градење економски развој базиран на стабилност, доверба и поддршка за стопанството.

dobivaj vesti na viber

На средба со Советот за странски инвестиции, составен од претставници на водечки компании кои веќе имаат присуство во земјава, Мицкоски посочи дека Македонија се наоѓа во нова фаза на економска консолидација и раст.

„Подаваме рака и на домашните и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински, низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно,“ изјави премиерот.

Тој истакна дека во првиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,2 отсто, а извозот во периодот јануари–мај е зголемен за 3,15 отсто, додека увозот бележи раст од само 1 отсто. Индустриското производство во мај бележи раст од 9,4 отсто во однос на истиот месец лани.

Дополнително, трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари во април и мај, што претставува намалување од 13 проценти. Мицкоски потсети и дека минатата година бил постигнат рекорд со странски директни инвестиции во износ од 1,255 милијарди евра.

„Ова е поинаква слика од онаа која ја затекнавме. Некогашната влада не се бореше за инвестиции – се бореше за провизии,“ рече тој, обвинувајќи ги претходниците за економски застој и изгубени можности.

Премиерот најави активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката, како и можни царински олеснувања за извоз на македонски производи на американскиот пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Здравковски: Ребалансот на буџетот носи повеќе пари за плати, пензии, образование и здравство

Објавено пред

Пратеникот Игор Здравковски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека со почнувањето на амандманската расправа за ребалансот на буџетот, Владата демонстрира зголемена финансиска дисциплина, раст на приходите и пренасочување на средства кон клучни сектори.

dobivaj vesti na viber

„Со ребалансот обезбедуваме 800 милиони повеќе за плати, 2,5 милијарди повеќе за пензии, 300 милиони денари дополнително за капитални инвестиции,“ рече Здравковски.

Тој нагласи дека значителни средства се наменуваат и за младите, образованието и инфраструктурата.

„Во образованието ќе се слеат 2 милијарди денари за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта,“ додаде тој, притоа потенцирајќи дека проектот „Купи куќа за млади“ добива „дури 111% повеќе средства“.

Во делот на јавниот транспорт и инфраструктурата, според Здравковски, се предвидуваат дополнителни 307 милиони денари за локални патишта и зголемени средства за железничка инфраструктура. Исто така, за здравствени установи се одвојуваат 237 милиони денари за изградба, реконструкција, модернизација и дигитализација.

Осврнувајќи се на амандманите од опозицијата, Здравковски изјави дека тие се резултат на „безидејност или едноставно, хронично незнаење“, бидејќи предлагале амандмани за проекти кои веќе биле предвидени со ребалансот.

„Опозицијата наместо да ги поддржи овие реформски чекори, тие преку амандмани се обидуваат покажат вештачка грижа за некој поен плус, па меѓу другото, предлагаат измени за локалните предизвици во Кочани, кои се таложеле во нивното седумгодишно владеење. Период кога не мрднале ниту со мал прст за да сменат нешто на подобро,“ рече тој.

На крајот, Здравковски додаде дека Владата, со поддршка од Собранието, веќе подолг период работи на решавање на проблемите на граѓаните, вклучително и во делот на социјалната политика, како што се зголемување на бројот на вработени во градинките и изградба на нови домови за стари лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија3 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија6 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија9 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија9 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија10 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија10 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија12 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија13 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија14 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа14 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија15 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет15 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија15 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет15 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет16 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет16 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија17 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија17 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија17 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...