Спорт
„Трката во Белгија не можеше да биде одложена“
Дождот вчера ги оневозможи возачите да се тркаат на Големата награда на Белгија. На патеката Спа Франкошамп се возеа за само два круга зад безбедносното возило. Поредокот беше ист како во квалификациите, а бодовите беа преполовени.
Директорот на трката, Мајкл Маси, одговори на прашањето зошто трката не беше одложена за понеделник. Вакви правила има во НАСКАР и Инд кар.
„Има многу причини зошто трката не можеше да биде одложена. Ги почитувавме правилата. За ФИА, безбедноста на возачите и гледачите секогаш е на првото место“, рекол Маси.
Шампионатот на Ф1 продолжува викендов со трката за Големата награда на Холандија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Белгија без Куртоа на ЕУРО 2024
Белгискиот голман Тибо Куртоа ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Германија поради повреда на лигаментите на коленото.
Куртоа ја пропушти целата сезона и му требаше уште една операција во март кога се појавија проблеми во неговото закрепнување.
Тој би можел да се врати на терените во тимот на Реал Мадрид пред крајот на сезоната, но селекторот на Белгија, Доменико Тедеско го отпиша од тимот, објави Би-би-си.
Куртоа, кој досега одигра 102 натпревари за Белгија, во декември изјави дека нема целосно да се опорави за да игра во натпреварувањето во Германија.
„На оваа тема веќе се е кажано. Се концентрираме на играчи кои се во добра форма – изјави Тедеско за германските медиуми.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека се надева дека Куртоа ќе се врати на теренот за саботниот натпревар од Ла Лига против Кадиз.
Спорт
Тухел го обвини Ким за ремито против Реал
Foto/ EPA
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.
Баерн не успеа да ја искористи надмоќта во поголемиот дел од натпреваорт и со предност да патува во Мадрид на реваншот.
Виновник е Кореецот Ким Мин-Јае, згреши кај двата гола.
„Беше премногу алчен и во двата случаи. Прво, прерано стартуваше на Винисиус за првиот гол, а Тони Крос со додавање го фати на погрешна нога. Тој ризикуваше и беше премногу агресивен. Истата грешка ја направи и кај вториот гол. Игравме пет на два, бевме повеќе. Немаше потреба толку агресивно да го брани Родриго. Кога Даер се обиде да му помогне, Ким го собори Родриго. За жал, со квалитетот што го има Реал тие грешки се казнуваат. Тоа се случува, мора да продолжиме понатаму“, изјави Тухел.
Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ на програмата е наредната середа.
Спорт
(Видео) Нестварна секвенца на Мекси, ја спаси Филаделфија од елиминација
Неверојатната партија на Тајрис Мекси ги обележа плеј-оф натпреварите одиграни во Источната конференција.
Филаделфија победи во Њујорк по едно продолжение со 112:106 и го намали резултатот во серијата на 2:3.
Тајрис Макси го замолкна „Медисон Сквер Гарден“ во последните 25 секунди. Бекот на Севентисиксерс, најпрвин погоди тројка под фаул, потоа Џош Харт на спротивната страна реализираше едно слобоно фрлање, а во последните напа Мекси погоди тројка од 10 метри и избори продолжение.
Во продолженијата шокираните играчи на Њујорк немаа никакви шанси.
Мекси натпреварот го заврши со 46 поени, пет скока и девет асистенции. Го следеа со по 19 поени Џоел Ембид и Тобајас Херис. Ембид имаше и 16 скокови и 10 асистенции.
На спротивната страна Џејлен Брансон заврши со 40 поени.
Кошаркарите на Милвоки на домашен терен ја победија Индијана со 115:92 и намалија на 3:2 во првото коло од плејофот на Источната конференција.
Повторно го немаше Јанис Адетокумбо, но овојпат тимот од Висконсин успеа да најде начин целосно да го уништи тимот на Пејсерс.
Ослабените Бакс до победата ги предводеа Крис Мидлтон и Боби Портис со по 29 поени. Портис забележа и 10 скока, а Мидлтон 12 скока и пет асистенции и беше клучен фактор во победата.
Кај поразениот тим најефикасен беше Тајрис Халибартон со 16 поени, но далеку од тоа да го спречи убедливиот пораз на својот тим.
Индијана ќе има „меч-топка“ на следниот натпревар кој е закажан за ноќта меѓу четврток и петок, а во кој е домаќин.
Кливленд води против Орландо со 3:2, откако славеше победа со 104:103.
Еван Мобли на шест секунди до крајот го блокира Франц Вагнер и го однесе Кливеленд до победата.
Шестиот натпревар од оваа серија ќе се одигра во петок кога домаќин ќе биде Орландо.
Во евентуалниот седми, Кливленд повторно ќе ја има предноста на домашниот терен.