Македонија
Студентите до утре може да аплицираат за субвенциониран студентски оброк

Студентите да аплицираат за субвенциониран студентски оброк, крајниот рок е утре, истакна Марко Михаилоски, претседател на СДММ, на прес-конференција.
Тој ги повика сите студенти што се на додипломски студии на државните и приватните факултети да аплицираат за да го искористат своето право на субвенциониран студентски оброк.
Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октовмри 2021 година за студентите од новата академска година и оние што не го запишале летниот семестар.
„Аплицирањето е едноставно и се врши преку веб-страницата www.e-uslugi.mon.gov.mk Со оваа мерка, која е на иницијатива на СДММ, 40.000 студенти имаат можност да добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, односно по 21.600 денари годишно. За оваа мерка од буџетот издвоени се приближно 15 милиони евра, пари што ќе завршат на сметките на студентите. Ова е сериозно зајакнување на студентскиот стандард, приоритет на кој СДММ во континуитет посветено работи“, рече Михаилоски.
Додаде дека СДММ останува посветена на градење квалитетни одржливи младински политики, кои имаат цел да го зајакнат младинскиот стандард и да овозможат повеќе шанси за младите во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Македонија
ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), соопшти вечерва директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Интервенциите ги извел тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје.
„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, напиша Клековски на социјалните мрежи.
ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.
Македонија
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче рече дека она што се случува во Скопје е најеклатантен пример на неспособноста, негрижата и корупцијата на власта.
Филипче рече дека пропаста на Скопје е директна последица на пропаднатите зделки меѓу Мицкоски и Арсовска, на блокадите од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на политичката калкулација на Владата која, и покрај тоа што има механизми, свесно го остава градот да се распаѓа.
„Скопјани не смеат да заборават дека Скопје тоне четири години заради пропаднатите бизнис зделки на Мицкоски со Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ го држи Скопје во заложништво. Нивните функционери и советници од градот четири години немаат друга работа освен да попречуваат, блокираат и се расправаат со Арсовска. Скопје е најдобар пример за тоа како владее ВМРО-ДПМНЕ, со прст не мрдаат ако од тоа немаат личен и политички интерес. За ова треба да бидат казнети на локалните избори“, истакна Филипче.
Тој се осврна и на Трајко Славески, за кој рече дека како претседавач со Советот, не придонел со ништо за Скопје, но сепак бил награден од ВМРО-ДПМНЕ со функцијата гувернер на Народната банка.