Топ
Четири лица, меѓу кои и дете, повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила и камион на локалниот пат кон Бутел

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила и камион што се случи вчера на локалниот пат од селото Љуботен кон населбата Бутел. Според информациите од полицијата, тешко повредена е 25-годишна скопјанка, која управувала едно од возилата, а меѓу полесно повредените е и малолетно лице.
„Во несреќата учествувале патничко моторно возило ‘фолксваген пасат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Е. (25) од Скопје, патничко моторно возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. А. (25) од Скопје и товарно моторно возило ‘фиат’ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Х. М. (26) од Скопје. Во незгодата тешки телесни повреди добила А. А., а телесни повреди добиле Б. Е. и двајца сопатници од возилото ‘мерцедес’ – Н. А.(61) и едно малолетно лице, констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’ и комплексот клиники ‘Мајка Тереза“, соопшти полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Извршил обљуба врз деветгодишно девојче: уапсен скопјанец

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.О.(32) од скопско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во друго скопско село, тој извршил обљуба врз деветгодишно девојче од селото.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.
Топ
Семејството го барало неколку дена, во куќа во Кавадарци пронајден починат маж покриен со земја

Полицијата пронајде починат 42-годишен маж во Кавадарци, постојат сомненија за убиство.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид во куќа во која беше пронајдено безживотно тело на 42-годишен маж.
Телото било пронајдено покриено со земја и предмети во помошни простории, што првично упатува дека смртта е резултат на кривично дело, велат од обвинителството.
Семејството се обидувало неколку дена да го лоцира сега починатиот, кој живеел сам.
Со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Од лице место подигнати се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се издаваат наредби и насоки за откривање на сторител.
Македонија
Скопјанец преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт

Полицијата поднесе кривична пријава за скопјанец кој преку веб-страница продавал билети за непостоен концерт.
Денеска, Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А. Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело компјутерска измама.
Според информациите од МВР, А. Х., во периодот од 4.4.2025 до 13.6.2025, како одговорно лице на компанија што организира музички настани, преку веб-страница за продавање билети овозможил електронско купување билети за концерт што воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите.
Од МВР најавија дека продолжува активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и на целокупниот интернет-простор, со цел превенција од повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност.