Црна хроника
Во Куманово се степале мигранти, едно лице прободено со нож

Еден мигрант е повреден со нож во тепачка со други мигранти што се случила на Железничката станица во Куманово.
Според информациите на МВР, вчера од Полициската станица Драчево било пријавено дека биле пронајдени шест мигранти на железничка пруга во Драчево.
По извршениот разговор со нив било констатирано дека во близина на Железничката станица во Куманово биле физички нападнати од три лица, исто така, мигранти, при што на едно од лицата му нанеле убодна рана од остар предмет и му украле пари. СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба

Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервисирање во Гази Баба било украдено во текот на ноќта.
Случајот во МВР го пријавил сопственикот на автосервисот.
Се работи за товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на македонската Армија. Украдени биле и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
14-годишно девојче нападнато од врснички во Аеродром

К.П.(41) од Скопје пријавила дека на 26 април во 20.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои ги познавала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнат од сопругата во Аеродром, случајот пријавен во МВР

Тритесет и петгодишен маж од Скопје пријавил дека во саботата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од неговата сопруга М.М.П.(36) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.