Македонија
Заврши рокот за собирање потписи, влез за изборната трка добија 25 кандидати за градоначалници
Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија вкупно 25 кандидати за градоначалници успеаја да соберат потписи за претстојните локални избори.
1. Фатмир Лимани, кандидат за градоначалник на општина Кичево,
2. Горан Рајчевски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
3. Горан Чекаловиќ, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
4. Јован Пејовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
5. Стојанче Лазов, кандидат за градоначалник на општина Росоман,
6. Перо Митревски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,
7. Ана Петровска, кандидат за градоначалник на град Скопје,
8. Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на град Скопје,
9. Ацо Новевски, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод
10. Марјанчо Колевски, кандидат за градоначалник на општина Кратово,
11. Сенат Усеиновски, кандидат за градоначалник на општина Охрид,
12. Жарко Стеваноски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп,
13. Горан Поцев, кандидат за градоначалник на општина Радовиш,
14. Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе,
15. Енвер Пајазити, кандидат за градоначалник на општина Брвеница,
16. Жика Стојановски, кандидат за градоначалник на општина Илинден,
17. Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола
18. Шаќир Ислјами, кандидат за градоначалник на општина Врапчиште,
19. Јордан Павлов, кандидат за градоначалник на општина Лозово,
20. Глигор Петков, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија,
21. Миран Митревски, кандидати за градоначалник на општина Македонска Каменица,
22. Александар Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на општина Пехчево,
23. Ристо Џаков, кандидат за градоначалник на општина Богданци,
24. Ангелчо Георгиевски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,
25. Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на општина Куманово.
Без потребната бројка на потписи останаа 12 кандидати за градоначалници.
Во однос на потписите за листите за членовите на советите на општините, до полноќ потписи собраа 57 групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

