Македонија
Ситуацијата се стабилизира, денеска има под 900 новозаболени, рече Филипче
Трендот на намалување на бројот на новозаболени, кој почна минатата недела, продолжуваа и оваа. Министерот за здравство, Венко Филипче, денес извести дека се намалува факторот на преносливост на вирусот, што укажува дека бројките ќе се намалуваат.
„Р-факторот на преносливост е намален на 0,9. Искуството од претходните бранови ни покажа дека првин се намалува факторот на преносливост, па потоа почнуваат да паѓаат бројките и да се намалува притисокот во болниците. Денес бројките се под 900, имаме 880 нови случаи“, рече министерот Филипче.
За големата смртност на пациентите тој, како и многупати досега, рече дека најголем број од починатите се невакцинирани, а имале и претходни заболувања на кардиоваскуларниот систем, белите дробови, долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат во болница со лоши параметри и многу ниска сатурација.
Починатите што биле вакциирани, пак, министерот Филипче тврди дека имале претходни заболувања, како карцином, нерегулиран дијабетес или хируршки интервенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

