Спорт
„Мундо Депортиво“: Барса нуди 75 милиони евра за Дани Олмо!
Шпански „Мундо Депортиво“ на неколку часа пред завршувањето на летниот преоден рок објави дека Барселона е заинтересирана за услугите на шпанскиот репрезентативец, Дани Олмо.
Информациите се дека од Барса денеска на Лајпциг му понудиле 75 милиони евра за Шпанецот кој е „дете на клубот“.
„Барселона Олмо би го зела на едногодишна позајмица со обврска да го откупи неговиот договор следното лето, а до тогаш да ги среди документите за финансискиот фер плеј. Но, Германците сакаат пари и не се заинтересирани за позајмица“ пишува „Мундо“.
Олмо дојде во Лајпциг минатото лето од Динамо Загреб за 22 милиони евра, а во меѓувреме стана еден од најдобрите играчи во таборот на „Фуријата“.
? ÚLTIMA HORA
?? El Barça ha hecho hoy una oferta de 75 millones al Leipzig por Dani Olmo. Hay acuerdo con el jugador por 5 años
Información de @martinezferran. Más, en @mundodeportivo
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 31, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спортинг ја освои титулата во Португалија
Фудбалерите на Спортинг од Лисабон вторпат во последните три години ја освоија титулата во Португалија.
Екипата од Лисабон на две кола пред крајот на првенството има недостижни осум бода повеќе од Бенфика која во неделата вечерта беше поразена на гостувањето кај Фамаликао со 2:0.
Спортинг го одработи својот дел во саботата со победата од 3:0 против Портимоненсе, а Фамаликао потоа направи преостанатите две кола да бидат формалност во борбата за титулата.
Клубот од Лисабон го освои 20. шампионски пехар и се наоѓа на третото место на вечната листа зад Бенфика (38) и Порто (30).
Спорт
Ландо Норис го победи Ферстапен на ГН на Мајами
Ландо Норис ја забележа првата победа во кариерата. Возачот на Мекларен победи на трката за Големата награда на Мајами. Ова е прва победа за Мекларен од 2021 година кога Даниел Рикардо победи во Монца. Норис во Мајами победи пред Макс Ферстапен (Ред Бул) и Шарл Леклер (Ферари).
Норис, трката во Мајами ја стартуваше од петтата позиција, која ја загуби на стартот, но како што одминуваа круговите тој беше најбрзиот човек на патеката. Најбрзиот круг го возеше во 25 круг, кога дел од неговите конкуренти ги сменија гумите.
За одличното возење го „погледна и среќата“. Поради инцидентот меѓу Магнусен и Сарџент, во 28.круг на патеката излезе возилото за безбедност. Норис го искорсти влезе во боксот и се врати на челната позиција.
Откако возилото за безбедност ја напушти патеката, Норис на чиста брзина ја доби борбата со Ферстапен.
Британецот со деби победата ја прекина доминацијата на Ферстапен во Мајами, кој имаше шест последовни победи на оваа патека.
Бодови во Мајами освоија: Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Луис Хамилтон (Мерцедес), Јуки Цунода (РБ), Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Естебан Окон (Алпин).
Спорт
Реми во дербито меѓу Рома и Јувентус
Рома и Јувентус освоија по еден бод, откако во дербито на 35.коло одиграа 1:1, на „Олимпико“ во Рим.
Рома никако не може да биде здоволна со бодот бидејќи си го компромитира пласманот во Лигата на шампионите. Италија наредната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите, а Рома на петтото место има три бода и два натпревари повеќе од Аталанта.
Натпреварот почна добро за Рома, Лукаку се најде на вистинското место во вистинско време и му донесе водство на својот тим во 15. минута.
Јувентус после тоа не сакаше да тактизира, избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа во напад, а во 31.минута ја искористија грешката во одбраната на Рома. Резултатот го изедначи Бремер.
До крајот на мечот Јуве беа поблуску до победата. Киеза ја погоди стативата во 47.минута, а потоа голманот Свилар имаше две добри интервенции.