Свет
Курц: Нема да примиме Авганистанци

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ја одржува својата цврста линија кон мигрантите. Тој во интервју за германската телевизија „Билд“ порача дека Австрија нема да дозволи бегалци од Авганистан во земјата.
Курц рече дека ќе ги искористи сите средства за да спречи повторување на бегалскиот бран во 2015 година.
„Во тоа време во Европа беше спроведена кампања за неограничен прием. Европските пари беа искористени за превоз на луѓе низ цела Европа, за да можат да изберат во која земја ќе поднесат барање за азил“, критикува Курц.
Тој посочи дека користењето на јавниот превоз значи дека луѓето ќе бидат транспортирани од Грција за Германија или Шведска за само неколку дена.
За разлика од 2015 година, рече тој, поинтензивната заштита на границите треба да обезбеди бегалците да не стигнат до Европа. Курц рече дека смета на владите на Грција и Турција во тој поглед.
Тој смета дека е подобро да им се обезбеди помош на Авганистанците на лице место.
„Важно е луѓето во Авганистан да се снабдуваат и ние ги поддржуваме хуманитарните напори“, објасни Курц.
Според него е погрешно ако страшната ситуација во Авганистан предизвика неконтролирана миграција во Европа, во која само шверцерите ќе заработат пари, а луѓето ќе умрат на море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.
Свет
Фабрики за оружје во неколку држави отвори Иран

Иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзадех тврди дека Иран во неколку држави создал инфраструктура за производство на оружје.
Тој не соопшти во кои земји Иран ќе произведува оружје, но најави дека фабриките најверојатно официјално ќе бидат отворени.
Насирзадех наведе пред војната со Израел еден од приоритети на Иран бил развивање на ракети, но оти сега „би можеле да се сменат приоритетите“.