Спорт
Гризман ќе ја носи осумката на Саул
Антоан Гризман, по две сезони, се врати во Атлетико Мадрид. Во последните минути од летниот преоден рок Барселона го испрати Гризман на заем во Атлетико. „Јорганџиите“ платија 10 милиони евра, а по завршувањето на сезоната, доколку сакаат, ќе може да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.
Гризман во периодот од 2014 до 2019 година за Атлетико одигра 257 натпревари и постигна 133 гола.
Францускиот репрезентативец во првиот мандат ја носеше седумката, која е негов заштитен знак.
Во вториот мандат тој за Атлетико ќе настапува со осумката на грбот, која ја наследи од Саул Нигез, кој се пресели во Челси.
Омилениот број на Гризман во Атлетико го носи Жоао Феликс, а 17., со која играше во првата сезона во Барселона, му припаѓа на Иван Шапоњиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Херојката од ОИ во Токио замина во пензија
30-годишната австралиска пливачка Ема Мекион, хероина на Олимписките игри во Токио во 2021 година, објави дека заминува во пензија. Одлуката Мекион ја објави на својот профил на „Инстаграм“.
Австралијката на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, Токио и Париз освои вкупно шест златни, три сребрени и пет бронзени медали.
Таа во Рио освои златен медал во штафетата 4 х 100 слободно. Четири години подоцна, Токио, Мекион стана втората жена која освоила седум медали (четири златни и три бронзени) на еден Игри. 70 години претходно тоа и успеа на советската гимнастичарка Марија Горошовска (две златни, пет сребрени) во Хелсинки во 1952 година.
Во Париз, таа беше на највисокото скалило на подиумот со штафетата 4 x 100 метри мешано.
„Пред Париз знаев дека ова ќе ми бидат последни Олимписки игри, а месеците што следеа ми дадоа време да размислувам за мојот пат и што сакам да правам во иднина“, изјави Мекион.
На Светското првенство во големи базени таа освои пет златни, 11 сребрени и четири бронзени медали.
Спорт
Проблем за Реал, се повреди и Винисиус Жуниор
Реал Мадрид ќе биде значително ослабен на гостувањето кај Ливерпул во петтото коло од Лигата на шампионите.
Големото дерби ќе го пропушти Бразилецот Винисиус Жуниор, вториот најдобар фудбалер во светот минатата сезона.
Бразилецот ќе отсуствува еден месец поради повреда на задниот дел на левата нога.
Тоа е голем удар за Реал, кој е под притисок откако претрпе два порази во првите четири кола.
Винисиус се повреди, вчера во победата кај Леганес со 3:0.
Тренерот Карло Анчелоти реши да го одмори Килијан Мбапе во последните десет минути од тој натпревар, па го остави Бразилецот во игра.
Во текот на натпреварот Винисиус немал никакви проблеми, непријатност почувствувал кога влегов во соблекувалната. Тестовите покажаа дека Винисиус ја обновил повредата која веќе двапати ја доживеа минатата сезона.
Бразилецот е исклучително експлозивен играч и насобраниот замор од бројните натпревари влијае на неговите мускули.
Реал по четири одиграни натпревари е 18-ти во Лигата на шампионите со само шест бодови, додека Ливерпул е единствениот тим со четири победи во исто толку натпревари и со гол разлика 10:1.
Прашање е кој ќе игра во нападот против Ливерпул крај Мбапе, бидејќи од претходно е повреден и Родриго.
Спорт
Фати во јануари ќе замине од Барселона, имал понуди од САД и Саудиска Арабија
Ансу Фати беше претставен како наследник на Лионел Меси, ја доби „десетката“ кога Меси замина од Барселона, но потоа повредите целосно го уништија.
Откако поради три операции не играше цела година, Фати беше испратен на позајмица во Брајтон. И таму имаше проблем со повредите, поради што не играше многу кај тренерот Де Зерби. Летово се врати во Барселона со надеж дека ќе го послужи здравјето.
Ги мина подготовките, Ханси Флик Му даваше шанса на одредени натпревари и кога се чинеше дека се оди во добар смер, Фати се повреди на тренингот на Барселона, непосредно пред репрезентаивната пауза.
Медиумите тврдат дека Фати во јануари ќе ја напушти Барселона. Наводно Лионел Меси сака да го види во Интер Мајами, а младиот напаѓач доби понуда и од Саудиска Арабија, поточно Ал Наср за кој игра Кристијано Роналдо.
Фати има договор со Барселона до 2027 година со огромна откупна клаузула, но во ваква ситуација јасно е дека Барселона ќе прифати значитално помала сума.