Македонија
Регистрирани 760 нови случаи на Ковид-19, починаа 23 лица
Во последните 24 часа се направени 5.724 тестирања, а регистрирани се 760 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.
Регистрирани сe 644 оздравени пациенти од:Скопје – 219, Тетово – 94, Гостивар – 81, Куманово – 47, Струмица – 34, Кавадарци – 24, Дебар – 22,Кичево -21,Битола и Ресен – по 12, Велес – 10, Кочани – 9, Радовиш – 7, Прилеп ,Штип и Кратово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4, Валандаво ,Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Струга,Крива Паланка , Делчево ,Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се 23 починати лица: 9 починати лица од Скопје (82г,81г,79г,71г,70г,60г,59г, 58г и 48г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г) ,Гостивар (74г и 65г) ,Струмица (83г и 68г) ,Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г), и по едно починато лице од Тетово( 48г ) и Виница (47г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Направени се 5.724 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–124, ЦЈЗ Куманово –77, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–197, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-339, Биотек-278, Систина-138, лабораторија Лаор-347, Синлаб-137, Ремедика-16, Плодност–34, Генеа -17, Никоб лаб-712, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-117, Ројал Медика –53, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.418.
Досега во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 76805, Активни 5899
Куманово 10340, Активни 938
Прилеп 8681, Активни 275
Тетово 10419, Активни 1972
Битола 6730, Активни 269
Велес 5792, Активни 239
Гостивар 7697, Активни 1158
Кавадарци 5496, Активни 220
Охрид 5566, Активни 488
Штип 5275, Активни 203
Струмица 5235, Активни 686
Струга 3611, Активни 566
Кочани 3006, Активни 125
Кичево 3647, Активни 620
Гевгелија 2300, Активни 81
Неготино 2249, Активни 53
Свети Николе 1698, Активни 126
Ресен 1414, Активни 123
Крива Паланка 1273, Активни 35
Радовиш 1355, Активни 127
Берово 1130, Активни 30
Делчево 1052, Активни 65
Дебар 1367, Активни 232
Виница 960, Активни 41
Пробиштип 844, Активни 51
Валандово 745, Активни 35
Богданци 530, Активни 35
Крушево 516, Активни 23
Демир Хисар 412, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 2
Кратово 470, Активни 63
Македонски Брод 439, Активни 59
Пехчево 294, Активни 4
Македонска Каменица 274, Активни 23
Дојран 136, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти
„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има“, велат од СДСМ.
„По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.
Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.
Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.
Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.
Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, пишува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сончево време со утринска магла и температури над просекот
Денешниот ден носи претежно сончево и стабилно време во целата земја. Утрото на повеќе места почна со појава на магла и зголемена облачност, особено во котлините, но во текот на денот се очекува разведрување. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури се ниски и се движат од минус 4 до 3 степени, додека дневните ќе пораснат и ќе достигнат од 10 до 15 степени.
Во Скопје, делови од котлината утрово се зафатени со магла, но во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко, со мала до умерена облачност. Минималната температура се очекува да се спушти до минус 2, а максималната да достигне околу 11 степени.
Стабилното и сончево време ќе продолжи и во текот на следната седмица. И понатаму, во ноќните и утринските часови, по одделни котлини и речни долини ќе се задржува магла, додека дневните температури ќе останат над просекот за овој период од годината.
Македонија
Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во знак на поддршка за поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства.
Ахмети порача дека судскиот процес треба да заврши со ослободителна пресуда, оценувајќи дека обвинетите се соочуваат со обвинувања за дела кои, како што рече, не ги сториле.
Тој нагласи дека ОВК не била насочена против ниту еден народ, туку дека се борела за слободата на албанскиот народ.
„Време е нашите синови да се вратат дома. Нашите синови се невини, нашата борба е чиста. Војната на ОВК е света и затоа сите ние, големи и мали, мажи и жени, сме ОВК“, рече Ахмети .
Лидерот на ДУИ оцени дека, по Тирана и Приштина, и Скопје го покажало својот став со поддршката за, како што наведе, слобода и правда за поранешните припадници на ОВК.
Меѓу обвинетите во Хаг се поранешниот косовски премиер Хашим Тачи и поранешниот косовски претседател Јакуп Красниќи.

