Регион
Рама: Србите се на маса, а Косовците бегаат, тоа е незамисливо

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Косово влегло во опасен циклус со мешање на надворешната и внатрешната политика.
Тој посочи дека постои концептуално несогласување со премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, за регионалната политика и иницијативата „Отворен Балкан“, што, како што вели, е стратешки интерес на албанската нација.
Тој за ТВ „Клан“ изјави дека не може да ја прифати идејата оти Косово ја напуштило масата, додека Србија е присутна, пренесува „Газета експрес“.
„Она што го постигна нашата дипломатија со Белград е дека претседателот на Србија го прифати слободното движење на луѓето како дел од она што ние денес го нарекуваме ‘Отворен Балкан’. Берлинскиот процес е токму тоа, но тој е многу побавен и зависи од европската бирократија. Она што не го разбирам е дека ‘порано имаше борба да се седне на маса. Денес, Србите се на маса, а Косовците бегаат, тоа е незамисливо’“, рече Рама.
Како што додава, за „Отворен Балкан“ не се преговара, се дискутира.
Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Рама рече дека е многу тешко, но дека атмосферата што го опкружува не треба да биде атмосфера на барикади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Илјадници учесници на масовниот протест во Ниш

Илјадници учесници на масовниот протест „Студентски едикт“ синоќа во 23 часот и 52 минути молчеа на централниот плоштад во Ниш, оддавајќи им почит со 15-минутно молчење на 15-те лица кои загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.
Студентите и граѓаните стоеја во тишина, со вклучени батериски ламби на мобилните телефони, до седум минути по полноќ, на петтиот масовен митинг што се одржа во Србија во бранот повеќемесечни протести предизвикани од трагедијата во Нови Сад.
Со ова и формално заврши протестот кој започна во саботата во 9 часот, предводен од студенти од сите четири универзитетски центри во Србија. Студентите најавија дека до три часот наутро ќе го чистат плоштадот и околните улици каде се одржува митингот, а на ова им се придружија и жителите на Ниш.
Жителите на Ниш во петокот вечерта со овации ги пречекаа илјадниците студенти од десетици српски градови, кои пристигнаа на собирот по неколкудневно пешачење, возење велосипед и штафетен маратон. Десетици илјади луѓе се собраа на 18-часовниот митинг, а главната протестна програма во саботата вечерта го вклучи и прогласувањето на „Студентски едикт“.
Протестот беше организиран на денот кога се одбележаа четири месеци од уривањето на настрешница на неодамна реновираната железничка станица во Нови Сад, кога на 1 ноември загинаа 15 лица, главно млади луѓе, а уште двајца беа повредени со трајни последици.
Оттогаш, студентите и граѓаните бараат одговорност и правда за жртвите на плоштадите и улиците низ Србија, додека владата на протестите гледа како на „обоена револуција“. Студентите го најавија следниот голем протест за 15 март во Белград и ги поканија сите нивни колеги и граѓани на Србија да им се придружат.
Protest "Studentski edikt" snimljen dronom. pic.twitter.com/l1c1Djpmhp
— TV N1 Beograd (@n1srbija) March 1, 2025
Регион
Саша Поповиќ пред да почине се лекувал во Париз, случајно открил дека е болен кога скршил нога

Саша Поповиќ почина вчера на 70-годишна возраст по тешко боледување. Нецела година Поповиќ се борел со тешката болест, неговото лекување било доверено на лекари во Париз, каде што редовно одел на терапија.
Последните фотографии кои се појавија во јавноста ја зголемија надежта дека Поповиќ ќе ја добие битката, но неговата здравствена состојба се влошила последните месеци.
Како што веќе се пишуваше во медиумите, Саша за тешката болест дознал случајно откако ја скршил ногата. Со оглед на тоа што раната не зараснала по очекуваниот период, лекарите го прегледале целото тело на Поповиќ и за жал откриле дека неговата здравствена состојба не е добра.
Поповиќ починал опкружен со семејството кое цело време му беше најголема поддршка.
„Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ низ децениската работа беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера“, соопштија вчера од продукцијата.
Како млад имал голема љубов кон фудбалот, а извесен период тренираше во клубот Војводина.
Неговиот татко бил мултиинструменталист и пејач на Радио Војводина, поради што сакал неговиот наследник да влезе во светот на музиката и да почне да свири хармоника.
Многумина го паметат од периодот кога свиреше хармоника и беше дел од групата „Слатки грех“, но во светот на музиката влезе многу порано.
Во 1976 година го основа бендот „Лира шоу“, кој изведуваше народна музика. Бендот се засили кога им се придружи Лепа Брена како водечка пејачка.
После тоа, во 1982 година, групата го менува името во „Слатки грех“ и тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, постигнувајќи голем успех.
Регион
Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе во српскиот шоу-бизнис. Роден е на 24 април 1954 година во Нови Сад.
„Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ низ децениската работа беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера“, соопштија од продукцијата.
Како млад имал голема љубов кон фудбалот, а извесен период тренираше во клубот Војводина.
Неговиот татко бил мултиинструменталист и пејач на Радио Војводина, поради што сакал неговиот наследник да влезе во светот на музиката и да почне да свири хармоника.
Многумина го паметат од периодот кога свиреше хармоника и беше дел од групата „Слатки грех“, но во светот на музиката влезе многу порано.
Во 1976 година го основа бендот „Лира шоу“, кој изведуваше народна музика. Бендот се засили кога им се придружи Лепа Брена како водечка пејачка.
После тоа, во 1982 година, групата го менува името во „Слатки грех“ и тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, постигнувајќи голем успех.