Македонија
МОН: Да се почитуваат сите мерки за заштита, меѓу учениците само 0,01 отсто активни случаи
Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени од раководствата на училиштата на 2 септември, меѓу учениците, само 0,01 % се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар.
„Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички пероснал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите.
Брзата реакција и почитувањето на мерките е најдобрата заштита. Ги повикуваме наставниците, родителите и раководствата на училиштата, доколку се сомневаат за позитивен случај, веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби, кои ќе постапат во согласност со алгоритмите“, велат од МОН.
Од таму апелираат на доследно почитување на протоколите за заштита бидејќи, како што се наведува, минатогодишното искуство ни покажа дека со практикување на мерките училиштата не се трансмитери на заразата. Секако, додаваат дека неопходно е одговорно однесување и надвор од училишните објекти.
„Само така ќе спречиме ширење на вирусот и ќе овозможиме квалитетна едукација за младите, преку настава со физичко присуство, која нема подобра алтернатива“, соопшти Министерството.
Во учебната 2021-2022 година настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието: Се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите
ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
„Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните.
Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.
Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи.
Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.
Ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа Резолуција со која се става крај на лагите и конструкциите на СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 42 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 42 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

