Црна хроника
Постапка против одгледувачи на марихуана од Гевгелија, имале 380 стебла

Гевгелиското Основно јавно обвинителство почна постапка против четири лица, едно од селото Негорци и тројца од Гевгелија, поради сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничените во периодот од мај до септември годинава неовластено и заради продажба одгледувале марихуана на седум локации на местото наречено Жабјак во близина на селото Негорци.
Тие засадиле по 100-ина семки од канабис, ги наводнувале, ги отстранувале непотребите листови и ги врзувале со манила за да не се скршат.
На 1 септември годинава, кога растенијата биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, осомничените биле затекнати од страна на полицајци во намерата да ги соберат цветните завршоци за да ги сушат. Притоа вкупно биле пронајдени 381 стебло од растението канабис, односно по 95-96 стебла кај секој од осомничените.
Од страна на судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија, по барање на Обвинителството, донесени се решенија со кои на секој од осомничените му е определен куќен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
66-годишен охриѓанец пронајден починат во својот дом

Вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П.
(66) од Охрид.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Црна хроника
Краделе бронзена биста од гробот на Стале Попов: осомничени четири лица за кражба и сквернавење на гробиштата во Бутел

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.
Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.
Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.
Црна хроника
Уапсени четири лица, украле биста од Градските гробишта во Бутел

Четири лица од Скопје се уапсени, биле фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот на Градските гробишта Бутел, полициски службеници ги уапсиле О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.
Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.