Македонија
(Видео) Шахпаска: Продолжуваме со реновирање на градинки
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја посети детската градинка „7 Септември“ во Пехчево. Во градинката реновирани се две занимални, комплетно опремени со нови шкафчиња, маси и столчиња. Реконструирана е оградата на дворот, обновени се бетонските патеки по кои ќе се движат дечињата во градинката, а најмалите ќе си играат на новопоставените меки подлоги, и тоа со реквизити што овозможуваат правилен раст и развој.
„Детската градинка во Пехчево во моментот има присутни околу 85 дечиња со кои работат високостручни профили на воспитувачи и негуватели. Децата учат преку игра, се социјализираат, ги прифаќаат различностите. Предучилишното образование е важна алка во процесот на разојот на децата. Изминативе 4 години изградени или реновирани се вкупно 60 градинки, а конкретно градинката во Пехчево беше реновирана со средства од блок-дотациите во износ од 1,7 милиона денари“, изјави министерката Шахпаска.
Директорката на градинката „7 Септември“, Васка Симовска, ја информира министерката Шахпаска дека во установата се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и сите вработени веќе се вакцинирани.
Шахапска информира дека МТСП будно ја следи состојбата со пандемијата во градинките и во таа насока имајќи го фактот дека претходно во градинките не постоеше трансмисија на вирусот меѓу дечињата, таа очекува и овој бран предизвикан од делта-сојот безбедно да биде надминат со цел враќање на нормалното секојдневие.
На неодамнешната средба на министерката со директорите на градинките од целата држава беше констатирано дека почитувањето на протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот е основниот заштитен механизам за непречено функционирање на детските градинки. На онлајн-средбата меѓу вработените во градинките со доктори епидемиолози беше расчистена и дилемата во врска со имунизацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен земојтрес почувствуван во Македонија
Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на 15 километри од Тетово, со магнутуда од 4,6 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за штети.
Македонија
Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици
Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.
Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.
“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.
Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.
Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.
Македонија
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.
Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.
Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.
СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.
Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.
„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.
Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

