Македонија
Шилегов во Шуто Оризари: Скопје е град за сите
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари, Ферат Асан, вечерва одржаа маалски средби со граѓаните од оваа општина.
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека во Шуто Оризари се инвестира за прв пат по подолго време.
„Ја реконструиравме улицата Индира Ганди во должина од 1.900 метри од крстосницата со булеварите Босна и Херцеговина и Словенија до раскрсницата со ул. Нов живот, а во моментов се реконструира и третата фаза од истата улица во должина од 800 метри. Во рамките на програмата за одржување на сообраќајници на ЈП ‘Улици и патишта’ преку меѓуопштинска соработка реконструирани се и делови од улиците Рељо, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Вашингтонска, Карабуница, Злетовска и други“, посочи Шилегов.
„Инвестиравме во подобрување на водоводната и канализациската мрежа во висина од 13,5 милиони денари. Реализиравме партерно уредување, зазеленување и поставување урбана опрема во дворот на училиштето Шаип Јусуф и асфалтирање на спортското игралиште во висина од 6,5 милиони денари“, додава Шилегов.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Шуто Оризари засадени се околу 500 садници и озеленети се 210 жардиниери.
„СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните на секој град на секоја општина, на секое населено место, граѓаните од секоја етничка заедница. Заедно ќе ги креираме мерки и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Тоа е нашиот пристап, така ние знаеме и можеме. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна“, посочи Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

