Македонија
21 починато лице и 459 нови случаи на Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањa, а регистрирани се 459 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 235, Штип – 30, Тетово -26, Куманово и Струмица – по 19, Дебар – 13, Гостивар, Охрид и Кичево – по 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Прилеп – по 9, Крива Паланка и Струга – по 7, Радовиш – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Богданци – 3, Виница, Гевгелија, Кратово и Ресен – по 2, Берово, Делчево, Македонски Брод, Неготино и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 368 оздравени пациенти од: Скопје – 136, Гостивар – 49, Куманово и Кичево – по 34, Кавадарци – 20, Штип -18, Прилеп, Кочани и Свети Николе – по 10, Битола и Велес – по 8, Радовиш – 7, Гевгелија и Кратово- по 5, Пробиштип – 4, Македонски Брод – 3, Ресен и Делчево – по 2, Струмица, Неготино и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (94г, 77г, 75г, 75г, 73г, 65г,), по 3 починати лица од Тетово (81г, 66г, 64г), Гостивар (84г, 67г, 59г) и Струмица (67г, 58г, 49г) , 2 починати лица од Кичево (67г, 67г) и по едно починато лице од Куманово (63г), Прилеп (69г), Битола (81г) и Неготино (69г).
Пријавените починати лица се починати во болнички услови.
Направени се 5.416 тестови преку: ИЈЗ-224, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-84, ЦЈЗ Тетово–74, ЦЈЗ Куманово –83, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–285, Жан Митрев (Филип Втори)-133, Авицена-293, Биотек-254, Систина-125, лабораторија Лаор-442, Синлаб-21, Ремедика-0, Плодност–91, Генеа -62, Никоб лаб-614, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-80, Ројал Медика –55, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.292.
Досега во земјата се направени вкупно 1.188.356 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.045, бројката на оздравени пациенти е 158.809, на починати е 6.065, а бројот на активни случаи изнесува 15.171.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 77656, Активни 6223
Куманово 10458, Активни 927
Прилеп 8724, Активни 283
Тетово 10533, Активни 1907
Битола 6776, Активни 283
Велес 5841, Активни 255
Гостивар 7765, Активни 1026
Кавадарци 5536, Активни 210
Охрид 5620, Активни 537
Штип 5350, Активни 236
Струмица 5328, Активни 690
Струга 3659, Активни 611
Кочани 3030, Активни 119
Кичево 3701, Активни 584
Гевгелија 2310, Активни 79
Неготино 2261, Активни 58
Свети Николе 1732, Активни 137
Ресен 1422, Активни 117
Крива Паланка 1292, Активни 48
Радовиш 1373, Активни 119
Берово 1148, Активни 47
Делчево 1068, Активни 73
Дебар 1400, Активни 253
Виница 964, Активни 38
Пробиштип 850, Активни 50
Валандово 748, Активни 34
Богданци 536, Активни 41
Крушево 516, Активни 21
Демир Хисар 414, Активни 10
Демир Капија 401, Активни 1
Кратово 477, Активни 64
Македонски Брод 442, Активни 56
Пехчево 297, Активни 6
Македонска Каменица 280, Активни 25
Дојран 137, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

