Забава
Збогум Жан Пол Белмондо: Mагнетната ѕвезда на францускиот Нов бран почина
Го споредуваа со Марлон Брандо и Џејмс Дин за неговите славни прикази на тешки, отуѓени ликови.
Жан Пол Белмондо, суровиот актер чии прозирни очи, нос на боксер, сензуални усни и циничен поглед го направија идолизирана персонификација на младешкото отуѓување во францускиот Нов бран, особено во неговата класична изведба како егзистенцијален убиец во култното дело на Жан-Лук Годар „До последен здив“, почина во понеделникот во неговиот дом во Париз на 88-годишна возраст.
Како Хемфри Богарт, Марлон Брандо и Џејмс Дин – тројца американски актери со кои честопати го споредуваа – Белмондо ја стекна својата репутација играјќи остри, несентиментални, дури и асоцијални ликови кои беа оддалечени од буржоаското општество, пишува „Њујорк тајмс“ еден ден по смртта на еден од неколкуте преостанати легенди на филмската индустрија.

Подоцна, како една од водечките француски sвезди, тој презеде улоги кои повеќе им се допаѓаа на луѓето, но без целосно да се откаже од својата магнетна дрскост.
Белмондо глумеше во повеќе од осумдесет филмови и зад себе остави улоги за паметење. Славата ја стекна глумејќи во класикот „До последен здив“, кој се смета за еден од најраните и најуспешни примери на францускиот Нов бран.
Улогата на ситниот циничен гангстер Мишел во култниот филм на Годар, тогаш 26-годишниот Белмондо преку ноќ ќе го вивне во ѕвездите.
Жан-Пол Белмондо во „До последен здив“ (1960)
Белмондо беше една од најголемите француски филмски sвезди во текот на 1960-тите и 1970-тите, заедно со неговиот колега и ривал Ален Делон. Тие двајца беа меѓу клучните фигури на европскиот филм во тоа време, а Белмондо се истакна во филмови од сите жанрови – од ноар, трилер до комедија.
Жан Пол Белмондо во „Телото на мојот непријател“ (1976)
„Ројтерс“ открива дека еден од неговите професори по глума спектакуларно промашил во проценката за Белмондо за кого рекол дека „со такво хулиганско лице никогаш нема да успее“. Белмондо на таквиот коментар одговорил со непристоен гест.
Жан Пол Белмондо и Ален Делон во „Последната пресметка“ (1998)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Малкумина знаат дека Џенифер Лопез има сестра – успешна новинарка и добитничка на „Еми“
Џенифер Лопез (56) и нејзината помлада сестра Линда (54) беа фотографирани од папараците додека уживаа во викендот во Хамптонс. Двете поминале ден на плажа и прошетка во есенска атмосфера, облечени лежерно, со топли џемпери и чизми.
Линда Лопез, која ретко се појавува во јавност, е успешна новинарка и телевизиска водителка, добитничка на награда „Еми“. Заедно со Џенифер ја основала семејната фондација, за помош на жени и деца до пристап за здравствена грижа.
Иако ја избегнува јавната сцена, Линда често ја поддржува својата славна сестра на хуманитарни и професионални настани.
View this post on Instagram
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.

