Забава
(Видео) Шведскaта супергрупа АББА не излегува од мода
Mamma Mia! Here we go again… АББА најави нова музика и нивниот кам-бек не е возбудлив само за оние кои им беа фанови кога царуваа на топлистите туку и за помладите генерации.
„Аба ја спаси 2021 година“, „Најдобра вест досега“ „Вие ми го спасивте животот“, „Плачам од среќа“. Ова се само неколку од коментарите под видеото што го објави Бени Андерсон на „Тик-ток“, а во кoe свири инструментална пијано-верзија на една од новите нумери.
Шведските поп легенди се приклучија на оваа социјална мрежа – чии корисници се главно помлади од 30 години – минатиот понеделник, неколку дена пред многу очекуваната најава за нова музика.
За помалку од пет дена, нивниот официјален профил на Тик-ток собра милион следачи, а деветте видеа што ги споделија досега се прегледани речиси 30 милиони пати.
„Јасно е од огромниот број креации и прегледи на видеа дека нашата заедница во светски рамки има толку многу љубов кон бендот и нивниот звук“, вели Пол Хурикан, шеф на музичките операции на TikTok во Велика Британија.
Само неколку уметници имаат музика која е навистина безвременска, и која останува свежа и брилијантна и убава 40 или 50 години како и на денот кога била првпат објавена. АББА се многу блиску до врвот на таа листа, коментираат светските медиуми.
Додека некои од новата генерација фанови го открија бендот на социјалните мрежи, TikTok #DancingQueenChallenge имаше повеќе од 160 милиони прегледи претходно годинава. Многумина се навлекоа на музиката на своите родители или се вљубија во неа преку Mamma Mia! филмови и сценски претстави.
Шведските поп-легенди минатата недела најавија нов албум по четири децении и открија дека следната година во Лондон ќе одржат серија виртуелни концерти користејќи ги своите дигитални аватари, кои медиумите веднаш ги крстија „Аббатари“.
Ќе користат дигитална технологија слична на холивудската CGI за создавање на „АББА-тари“ (ABBAtars), со нивниот изглед кога беа на врвот на топлистите ширум светот.
Фановите се огласија на социјалните мрежи за да ја прослават долгоочекуваната вест за обединувањето на еден од најуспешните светски бендови.
„2021 е спасена со новата музика на Abba,“ напишаa колеги музичари во широко споделена објава на Твитер.
Албумот Voyage ќе излезе на 5 ноември, соопшти бендот, и објави две од десетте нови песни – I Still Have Faith In You и Don’t Shut Me Down.
Концертите ќе се одржат во специјално изградена за нив АББА арена во лондонскиот Олимписки парк „Кралица Елизабета“ во мај следната година. Тоа всушност ќе бидат дигитални верзии на четирите sвезди, Агнета Фалцког, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад – револуционерно концертно искуство.
„Абатарите“ се создадени со употреба на технологија слична на онаа што се користеше во серијалот филмови „Господар на прстените“ – и ќе ги покажат членовите на бендот како изгледаа во 1979 година. Тие нема да бидат холограми, велат од бендот.
АББА е основана во раните 1970-ти години од тогашните парови Агнета и Бјорн и Бени и Ани-Фрид. Нивните иницијали го дадоа името на бендот.
Продадоа повеќе од 385 милиони примероци од нивните албуми и беа на врвот на топ-листите од Австралија до Америка со низа хитови како Waterloo, Dancing Queen, Take A Chance On Me, I Have A Dream…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.