Забава
(Видео) Првиот трејлер за „Тркалото на времето“ навестува епска фантазија

Компанијата „Амазон“ конечно објави целосен трејлер за својата долгогодишна адаптација „Тркало на времето“, базирана на величествената сага на Роберт Џордан.
Љубителите на книгите можат да здивнат, бидејќи се чини дека „Амазон“ не штедел пари за да ја оживее оваа приказна.
Приказната на „Тркалото на времето“ се одвива во огромен свет на фантазија каде што само на одредени жени им е дозволено да пристапат до магијата и нејзините моќи. Серијата ја следи Моирејн (Роузмунд Пајк), членка на Aes Sedai, моќна женска организација.
Серијалот книги Тhe Wheel of Time (WoT) е епска сага за фантазија создадена од американскиот писател Xејмс Оливер Ригни Џуниор. Всушност, авторот ја потпиша под псевдонимот Роберт Џордан и неговата првична проекција беше да произведе шест книги. До денес, насловот опфаќа 14 книги, од кои авторот Роберт Џордан напиша 11 пред да почине. Писателот Брендон Сандерсон потоа го презеде пишувањето на последните три.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најсексипилната актерка заведува во светло син фустан: на забавата на Бекам дојде со сопругот кој ретко се појавува

Дејвид Бекам наполни 50 години на 2 мај. По овој повод, тој организираше голема прослава во лондонскиот ресторан „Кор“. Тој покани голем број познати личности на забавата, меѓу кои и актерката Ева Лонгорија (50).
Ева пристигна на прославата во придружба на нејзиниот сопруг, мексиканскиот бизнисмен Хозе Бастон (57). Актерката блескаше во светло син сатенски фустан, додека Хозе носеше класично црно одело. Ова беше едно од нивните ретки заеднички јавни појавувања.
Ева Лонгорија и Хозе Бастон се запознаа во 2013 година преку заеднички пријател. Две години подоцна, Хозе ѝ предложил брак на актерката на патување во Дубаи, а тие се венчале на 21 мај 2016 година.
Церемонијата се одржала во градината на вилата на Бастон, а меѓу гостите биле Викторија и Дејвид Бекам, Кејти Пери, Пенелопе Круз и Рики Мартин. Венчаницата на Лонгорија беше дизајнирана од Викторија Бекам, која со актерката е долги години пријателка.
Забава
Дејвид Бекам го прослави роденденот без синот Бруклин, се шпекулира за семејни несогласувања

Дејвид и Викторија Бекам споделија фотографии од забавата по повод 50-тиот роденден на пензионираниот фудбалер, но нивниот син Бруклин не беше на нив. „Создаваме посебни спомени со семејството и пријателите. Ве сакаме сите“, напишаа Дејвид (50) и Викторија (51) во заедничка објава на својот Инстаграм профил, тагирајќи ги своите синови Ромео и Круз, а името на нивната ќерка Харпер го претворија во хаштаг.
На фотографиите, Викторија и нивната 13-годишна ќерка Харпер носат идентични свилени темно сини фустани, додека Дејвид, Ромео (22) и Круз (20) се облечени во црн смокинг со вратоврски, позирајќи пред автомобил за време на прославата. На други фотографии, Дејвид седи на хаубата на автомобил со своите двајца помлади синови, а на една нежно ја бакнува Харпер во челото.
Бруклин (26) не се појави на ниту една од фотографиите, а не е познато дали тој и неговата сопруга Никола Пелц Бекам воопшто присуствувале на забавата, објавува „Ју-Ес Викли“.
Шпекулациите за наводни семејни несогласувања се појавија уште во март. Иако ниту двојката ниту семејството јавно не се осврнаа на ова прашање, TMZ во тоа време објави дека Бруклин бил лут на својот брат Ромео затоа што имал афера со неговата поранешна девојка, Ким Тернбул. Бруклин и Никола исто така живеат одвоено од останатите Бекамови. Иако се сместени во Лос Анџелес, Дејвид, Викторија и нивните најмлади деца наизменично живеат во Мајами и во Лондон.
Забава
(Видео) Познатата Германка се соблече, покрај базенот таа порача: „Подготовка“

Почна потоплото време, па Хајди Клум едвај чекаше да ги покаже своите прекрасни облини. Обожавателите на познатата манекенка упорно посакуваат таа повторно да објави слики во бикини.
И таа ги задоволи не само со позирање во бикини, туку и со видео во топлес.
Хајди позира на лежалка покрај базенот, се сонча, носејќи само долен дел од костимот за капење.
„Подготовка“, напиша таа кратко, очигледно алудирајќи на летото што претстои.