Економија
(Видео) Битиќи: Единствениот пат кон побрзо економско заздравување во постковид периодот е регионалниот пазар
Вицепремиерот Фатмир Битиќи учествуваше на панел-дискусијата „Јавни и приватни инвестиции и конкурентност“, која се одржа во рамките на „Првата годишна конференција на Министерството за финансии – Економско заздравување и раст по Ковид“, на која го елеборираше и Интервентниот план за инвестиции до 2027 година, со кој се планира побрз и одржлив економски раст на Република Северна Македонија.
„ Со интервентниот план за инвестиции ќе делуваме на економскиот развој во постковид периодот и ќе се фокусираме на повеќе цели. Главна цел ќе ни биде да ја поттикнеме конкурентноста на локално ниво, за да бидеме конкурентни и атрактивни како дестинација, но не само како поединечна земја, туку на ниво на регион. На овој начин ќе влијаеме да ја подигнеме и конкурентноста на целиот регион, наместо да создаваме конкуренција помеѓу земјите од регионот“, нагласи Битиќи.
Вицепремиерот зборуваше и за тоа кои мерки се креирани за да се влијае на отпорноста на економијата на евентуални идни кризни состојби, а ги посочи и активностите кои ги презема Владата за да се намали притисокот врз јавниот долг и да се одржи ликвидноста на буџетот.
„Единствениот пат кон побрзо економско заздравување во постковид периодот е регионалниот пазар, земјите од Западен Балкан да станат важен дел од глобалните синџири на производство. Во таа насока, сите ние, како земји се обидуваме да работиме на креирање конзистентни економски политики. Го подготвивме среднорочниот план за управување со јавен долг, среднорочниот план за забрзување на економскиот раст, а заедно со тоа го подготвивме и интервентниот план за инвестиции. Сето ова заедно треба да одговори на прашањата поврзани со јавниот долг, да го постигнеме нивото кое го имавме пред почетокот на корона-кризата. Во исто време овозможуваме шанса на нашата економија да го достигне нивото на кое мислиме дека треба да биде: да се овозможи забрзан иодржлив економски раст, со кој значително ќе се подобри квалитетот на животот на нашите граѓани “, посочи вицепремиерот Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

