Македонија
Бајден со честитка по повод 8 Септември: Имаме партнерство што ќе биде корисно во годините што доаѓаат
Претседателот на САД, Џо Бајден, по повод 8 Септември, Денот на независноста, упати честитка до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Од кабинетот на Пендародвски во целост ја објавија содржината на честитката од претседателот Бајден:
„Почитуван господин претседателе,
Во име на американскиот народ Ви го честитам Денот на независноста на Северна Македонија. Одбележувајќи ја оваа пригода, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат.
Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО минатата година признавајќи дека Вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да ѝ се приклучи на алијансата. Ви благодариме што оваа година бевте домаќин на мултинационалната вежба ‘Решителен удар 21’ во Центарот за воена обука ‘Криволак’ и што повторно ги покажавте водечките капацитети и подготвеноста на Северна Македонија.
Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции – САД остануваат ваши силни и непоколебливи поддржувачи.
Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ѝ ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија.
Ви посакувам безбеден и среќен Ден на независноста и Ви благодарам за Вашето долгогодишно пријателство“, се наведува во пораката на американскиот претседател, Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

