Спорт
Лукаку: Благодарен сум му на Интер, ме извлече од дупката Манчестер јунајтед
Белгискиот фудбалски ас Ромелу Лукаку, по 7 години, се врати на „Стемфорд Бриџ“ во дресот на Челси и веднаш ја искористи можноста да удри по поранешниот клуб Манчестер јунајтед. Дресот на „црвените ѓаволи“ го носеше од 2017 до 2019 година и на 66 меча даде 28 гола.
„По еден од тренинзите, отидов кај менаџерот Инзаги и го замолив да пронајде решение за ситуацијата што настана по понудата од Челси. Не сакав да ја нарушам атмосферата во клубот. Вистина е дека уште од тогаш во главата веќе не бев играч на Интер. Но, Интер ме извлече од дупката наречена Манчестер јунајтед и за тоа секогаш ќе му бидам благодарен. Единствениот клуб поради кој би си отишол од Интер е токму Челси. Децата од најмала возраст навиваат за Реал, Барса, Јунајтед, за мене секогаш постоеше само Челси. Сите знаат колку ми значи овој клуб. Кога почнаа да се распрашуваат за мене, не можев да им кажам не. Почнаа со 100 милиони, па 105 и на крајот 110 милиони евра. Тогаш знаев дека морам да одам“, рече Лукаку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тиаго Силва ги договорил условите со Флуминенсе
Фудбалерот на Челзи, Тиаго Силва ќе се врати во Флуминенсе, клуб во кој ја започна кариерата.
Силва неодамна објави дека ќе ги напушти „сините“ на крајот од сезоната, откако ќе му истече договорот.
Флуминенсе веќе усно се договорил со Силва.
Клубот има подготвено двегодишна соработка со Бразилецот, а истата треба да биде овековечена во следните неколку недели.
Силва за Челзи одигра 151 натпревар, постигна девет гола и забележа три асистенции.
Тој го освои и трофејот во Лигата на шампионите во 2021 година со клубот од Лондон. Го освои и Светското клупско првенство, како и Суперкупот на Европа.
Во исклучително богатата играчка кариера, Бразилецот пред Челзи настапуваше за Пари Сен Жермен, Милан, Флуминенсе, Хувентуд и Динамо Москва.
Спорт
(Видео) Арсенал не се откажува од шампионската трка
Фудбалерите на Арсенал го победија Борнмут со 3:0 во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата.
Головите за „топчиите“ ги постигнаа Букајо Сака во 45. минута од пенал, Леандро Тросар во 70. и Деклан Рајс во седмата минута од судиското надополнување во вториот дел.
Арсенал доминираше во првото полувреме и постојано притискаш кон голот на гостите. Вп првите 30 минути блескаше голманот на Борнмут во првиот половина час беше голманот Марк Траверс, кој одбрани неколку тешки удари.
Во вториот дел Арсенал го зголеми притисокот кој резултираше со два гола.
На две кола до крајот на сезоната Арсенал има четири бода повеќе, од Манчестер сити кој до крајот на сезоната ќе одигра уште четири натпревари.
Спорт
Де Зерби останува во Брајтон
Италијанскиот тренер Роберто Де Зерби нема намера да го напушти Брајтон по завршувањето на сезоната.
Медиумите на Островот пренесуваат дека италијанскиот стручњак ја одбил понудата на Баерн да го наследи Томас Тухел.
Покрај тоа, неговото име во последните недели се поврзуваше со Челзи, Милан, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но се чини дека тој ќе остане на југот на Англија.
Тој најави дека ќе следат разговори со првиот човек на клубот Тони Блум.
„Ќе разговараме со Тони Блум. Мислам дека би сакал да останам во Брајтон, бидејќи ги сакам овие играчи. Овој град, клубот, навивачите. Реков на средбата со навивачите, ако сум среќен, не постои клуб што ќе ме натера да го емнам тимот“, вели Де Зерби.
Неговиот тим моментално е на 12. место во Премиер лигата