Спорт
Прв работен ден – дали Солскјер му дели лекција на Роналдо?

Иако порано беа соиграчи, сега само еден е шеф! Ова треба да е заклучокот од интересните фотографии што ги објави Манчестер јунајтед по враќањето на Кристијано Роналдо на тренинзите и неговата средба со Оле Гунар Солскјер.
Иако беше блиску до трансфер во лутиот ривал Манчестер сити, 36-годишниот Роналдо се реши да се врати дома, на стадионот каде што почна неговата вистинска фудбалска приказна и веќе в сабота треба да дебитира против Њукасл јунајтед, во меч кој веќе е распродаден.
Фотографијата на која Солскјер со прст му објаснува нешто на Португалецот предизвика огромен број реакции на социјалните мрежи – од тоа дека ова бил моментот кога Кристијано сфатил дека напраивл фатална грешка до тоа дека Солскјер му објаснува оти освојувањето титули веќе не им е приоритет на „ѓаволите“.
„Што овој човек може да му каже на Роналдо“, беше еден од најинтересните коментари.
Ronaldo is back at Manchester United’s training ground with Solskjaer ?? pic.twitter.com/TafAhSCUDe
— B/R Football (@brfootball) September 7, 2021
Look who’s arrived at Carrington! ? @Cristiano ? Ole #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) September 7, 2021
Hungry for more ?#MUFC | @Cristiano pic.twitter.com/2bTHd68wmL
— Manchester United (@ManUtd) September 7, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.
Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.
„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.
„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“
Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.
Спорт
На повидок пресвртница во фудбалот, Дијара го лансира новиот Босман

Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфери ги кршат работничките права на играчите и нивната слобода на движење.
Во Холандија е поднесена тужба која би можела да ги промени правилата на играта. Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфер ги кршат работничките права на играчите и слободата на движење. Ова е борба што ги надминува границите на спортот, за правото на фудбалерите сами да управуваат со своите кариери.
Преседан веќе беше поставен во 2024 година, кога Европскиот суд на правдата застана на страната на Ласана Диара. Тој еднострано го раскина договорот во 2014 година, а ФИФА го казни и побара обештетување според член 17 од своите правилници.
Овој член предвидува дека играчот кој го раскинува договорот без согласност на својот клуб мора да плати обештетување и ризикува суспензија. Сепак, судот утврди дека правилата ги кршат законите на ЕУ за слобода на движење на работниците и правилата за фер конкуренција.
Токму ставот на овој суд ја отвори вратата за „новиот Босман“. Исто како што познатата пресуда од 1990-тите им даде право на играчите слободно да се движат во други клубови по истекот на нивните договори, овој нов процес го доведува во прашање целиот систем на обештетување и санкции што клубовите и ФИФА им ги наметнуваат на играчите.
Доколку судот потврди дека правилата на ФИФА се спротивни на европското право, играчите би добиле многу поголема слобода на преговори и движење, додека клубовите би изгубиле важен извор на контролата и приходите.
Европа веќе зборува за „нов Босман“, а исходот од овој случај би можел засекогаш да го промени балансот на моќта во фудбалот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Најбрзиот играч во Серија А се пресели во Премиер лигата

Поранешниот играч на Верона, Џексон Чачуа, е нов играч на Вулверхемптон Вондерерс, објави денес англискиот клуб.
Чачуа (23) потпиша петгодишен договор со Вулверхемптон, со можност за продолжување за уште една година, а англискиот клуб не ја прецизираше вредноста на трансферот.
Сепак, добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за сума од 12,5 милиони евра.
Камерунскиот десен бек пристигна во Верона во август 2023 година од Шарлроа, а оттогаш одигра вкупно 64 натпревари за италијанскиот клуб.
Во соопштението од Вулверхемптон се наведува дека Чачуа бил најбрзиот играч во Серија А минатата сезона, откако забележал брзина од 36,3 километри на час.
Новиот играч на Вулверхемптон дебитираше за репрезентацијата на Камерун во јуни минатата година, а оттогаш има вкупно 10 настапи за својата земја.
Foto/ EPA