Спорт
Готвачот на CR7: За своето тело се грижи како да е Ферари!

Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо има 36 години, но неговиот изглед не ги открива годините.
Португалскиот фудбалер е во сјајна физичка форма, а реши да се врати во Манчестер Јунајтед и тоа барем уште две години.
За него зборуваше италијанскиот готвач Џорџио Бароне кој дојде во Торино со Португалецот, додека овој беше член на Јувентус.
„За своето тело се грижи како да е Ферари! Се храни здраво, органски и со природна храна. Риба, пилешко, јајца. Говедско, авокадо и црн ориз. Не недостасува ниту зеленчук, салати, морски плодови. Најголемата тајна во исхраната на Роналдо е специјалното кокосово масло. Храната му ја готвев со него. Важно е да се пие многу прочистена вода. Неговиот план на исхраната е напорен тренинг и добра храна, но и одморот е многу важен“ порача италијанскиот готвач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ доби вистинска замена, Валанчиунас во Денвер

Foto/ Foto/ EPA-EFE
Поранешниот центар на Сакраменто Кингс, Јонас Валанчиунас се сели во редвоите на Денвер Нагетс, додека Дарио Шариќ ќе оди во спротивна насока.
Никола Јокиќ доби фантастично засилување во рекетот во форма на 33-годишениот центар кој минатата сезона играше за Сакраменто Кингс.
Денвер Нагетс направија голема зделка веднаш по почетокот на „летниот пазар“ и го испратија Мајкл Портер јуниор во Бруклин Нетс, во замена за Кем Џонсон.
Нагетс заштедија околу 40 милиони долари (земајќи го предвид данокот на луксуз и казните што би ги платиле за надминување на буџетот на играчите) со оваа размена. Исто така во Денвер се врати играчот од шампионската генерација, Брус Браун, кој вториот дел од сезоната го мина во Њу Орлеанс Пеликанс.
Третиот потег што го повлекоа Нагетс е ангажманот на Валанчиунас, што значи дека Јокиќ конечно доби вистинска замена.
Минатата сезона, Валанчиунас играше прво во Вашингтон, каде што имаше просек од 11,5 поени и осум скока, а потоа во Сакраменто Кингс, каде што имаше просек од 8,7 поени и седум скока по натпревар.
Спорт
Милвоки го отпуштија Лилард за да го потпишат Мајлс Тарнер

Foto/ EPA-EFE
Милвоки Бакс објавија шокантни вести, го отпуштија својот плејмејкер и суперѕвезда Дамијан Лилард. На овој потег се решија за да го потпишат Мајлс Тарнер од Индијана Пејсерс.
Поранешниот плејмејкер на Портланд ја скина Ахилова тетива во плејоф серијата токму против Индијана. Веројатно ќе ја пропушти наредната сезона. .
Остатокот од неговиот договор од 113.000.000 долари беше прескап за франшизата од Висконсин, која одлучи да се откаже од деветкратниот Ол-стар.
„Елените“ ќе ги распределат тие пари во следните пет сезони, што им овозможи да го доведат Мајлс Тарнер, кој играше за Пејсерс во претходните 10 години.
Значи, „Дам Тајм“ ќе заработува над 22.000.000 годишно во следните пет години, дури и ако одлучи да се пензионира утре.
Сепак оваа опција не е реална, сигурно е дека за него ќе има голем интерес.
Спорт
Шеј го доби најголемиот договор во историјата

Foto/ EPA-EFE
Шеј Гилџес-Александер потпиша нов договор со Оклахома сити Тандер, доби неверојатна сума на пари.
Шеј Гилџис-Александер стана првиот играч во историјата на лигата кој бил трикратен MВП. Беше прогласен за МВП на регуларната сезона, плејофот и Западната конференција.
Оклахома Сити Тандер ги победија Индијана Пејсерс во финалето и станаа шампиони на НБА.
Две недели по освоената титула за Канаѓанецот пристигна награда, доби нов договор и тоа не било каков договор, туку најголемиот во историјата на кошарката.
Според Шамс Чаранија, Шеј потпишал четиригодишен договор вреден дури 285 милиони долари!
Овој супер-максимален договор е најголемиот во историјата на кошарката и важи до јуни 2031 година.
Секогаш добро информираниот Боби Маркс се надоврза на ова и сподели информација што делува неверојатно.
Кога ќе се земе предвид актуелниот договор на Шеј Гилџес-Александер, тој ќе инкасира дури 364 милиони долари во следните шест години.
Шеј е 15-от играч во историјата на НБА што потпишал супер-максимален договор.