Македонија
Путин, папата, кралицата Елизабета и други светски лидери со честитки по повод 8 Септември
По повод 8 Септември, Денот на независноста, писма со честитки до претседателот Стево Пендаровски испратиле повеќе шефови на држави, меѓу кои и најмоќните светски лидери.
Од Кабинетот на претседателот на државата во соопштение до јавноста интегрално ја пренесуваат содржината на писмата.
Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер-Штајнмаер, во писмото упатува срдечни честитки по повод 30-годишнината од нашата независност.
„Во последните 30 години Вашата земја се справи со голем број предизвици и притоа постигна многу. Примери за тоа се мирното решавање на конфликтот од 2001 година преку Охридскиот рамковен договор, историскиот преспански договор и членството во НАТО во последната година. Северна Македонија сѐ уште не е на целта. Германија и понатаму ќе се залага што е можно побргу да почнат пристапните преговори со Европската Унија. Притоа од големо значење се доследното продолжување на реформите во областа на владеењето на правото и доброто владеење, како и негата на добрососедските односи“, пишува во честитката од германскиот претседател.
Претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, честитајќи го Денот на независноста, во честитката изразува воодушевување за патот што го поминавме по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор пред дваесет години.
„Вашиот успех и успехот на вашата земја за помирувањето, за кое сведочи и преспанскиот договор, служи како пример во регионот и пошироко. Франција и Европската Унија остануваат на ваша страна за стабилноста и за просперитетот на Северна Македонија и на Западен Балкан. Ние ги поддржуваме сите иницијативи што се во таа насока, особено ‘Преспа форумот за дијалог’“, пишува францускиот претседател. Во честитката претседателот Макрон ја изразува својата целосна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија. „Франција е решена дека преговорите за членство треба да почнат следните месеци и ќе продолжи да спроведува напори за да се изнајде решение за билатералните спорови. Франција ќе биде внимателна за преговарачката рамка, која ќе биде усвоена, да ја одразува новата методологија за процесот за членство, која јас ја посакував, и ќе продолжи да ги унапредува и да ги поддржува суштинските реформи за европското приближување на Северна Македонија, особено во клучните области, како што е владеењето на правото, кои се во сржта на европските вредности“, се вели во честитката од францускиот претседател.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, во име на американскиот народ ѝ го честита Денот на независноста на Северна Македонија, при што нагласува дека одбележувајќи ја оваа пригода, исто така се одбележуваат 25-годишнината од дипломатските односи и силното пријателство меѓу двете нации.
„Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО минатата година,ж признавајќи дека Вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да ѝ се приклучи на алијансата. Како што Вашата земја продолжува да напредува – зголемување на просперитетот за сите Ваши граѓани, подобрување на владеењето на правото, зајакнување на Вашите демократски институции – САД остануваат Ваши силни и непоколебливи поддржувачи. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на Вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската Унија“, пишува во честитката од американскиот претседател.
Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Елизабета II, ја упатила следната честитка: „Ми претставува особено задоволство да Ви го честитам државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Северна Македонија“.
Кралот на Холандија, Вилем Александер, во писмото упатува честитки и желби за благосостојба на граѓаните на Северна Македонија.
„Додека го одбележуваме овој повод, морам во исто време да го признам предизвикот без преседан што тековната пандемија на Ковид-19 го претставува за сите нас. Ви посакувам, на Вашата Влада и на Вашите граѓани, сила, храброст и здравје, а сите ние продолжуваме со напорите за надминување на оваа криза“, стои во честитката од холандскиот крал.
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во честитката посакува добро здравје и успеси, а на сите граѓани благосостојба и просперитет.
„Убеден сум дека развојот на конструктивната соработка помеѓу Русија и Северна Македонија би им одговарал на темелните интереси на нашите народи, би придонесувал за зајакнување на стабилноста и безбедноста на европскиот континент“, се наведува во честитката од рускиот претседател.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во име на турскиот народ и во негово лично име најсрдечно ѝ го честита Денот на независноста на Република Северна Македонија со желби за благосостојба и просперитет.
„Уверен сум дека нашите пријателски односи, кои својата сила ја добиваат од нашите историски врски и заеднички вредности и цели, ќе се продлабочат и ќе се развијат на секое поле “, пишува во честитката од турскиот претседател.
Претседателот на Република Чешка, Милош Земан, во писмото упатува срдечни честитки и посакува многу успех и траен просперитет по повод Денот на независноста на нашата држава.
„Задоволство ми е да Ве уверам дека Чешка ќе продолжи да биде еден од најпосветените поддржувачи за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија“, пишува во честитката од чешкиот претседател.
Претседателката на Република Словачка, Зузана Чапутова, честитајќи го државниот празник, во писмото изразува задоволство дека односите помеѓу Словачка и Република Северна Македонија се долгорочно добри и пријателски.
„Ве уверувам дека Република Словачка и понатаму ќе продолжи во силната поддршка на амбициите на Вашата земја да стане член на Европската Унија и реформските напори во тој правец“, се вели во честитката од словачката претседателка.
Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, во честитката упатува желби за мир, просперитет и напредок.
„Би сакал да ја искористам оваа пригода да ја повторам активната и постојана поддршка што ја дава Романија на европскиот пат на Република Северна Македонија и ефективно отворање што е можно побргу на преговорите за пристапување во Европската Унија“, пишува во честитката од романскиот претседател.
Претседателката на Република Грција, Катерина Сакеларопулу, во писмото упатува искрени честитки и желби за напредок и просперитет на Република Северна Македонија.
„Би сакала да ја потврдам доследната поддршка на Грција на европскиот пат на Северна Македонија во согласност, се разбира, со сите правила и принципи што го регулираат пристапувањето на секоја нова членка во Европската Унија“, се вели во честитката од грчката претседателка.
Претседателот на Република Бугарија, Румен Радевта, во писмото упатува најискрени честитки по повод 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија.
„Патот напред, без секакво сомнение, продолжува да бара категорична волја, отвореност, прагматизам, решителност и храброст, насочени кон развојот на билатералната соработка, како влог во подобра и безбедна заедничка европска иднина на граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија“, стои во честитката од бугарскиот претседател.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во писмото со честитки истакнува дека пријателските билатерални односи во актуелните предизвикувачки времиња покажуваат висок степен на солидарност и веродостојност.
„Уверен сум дека пријателските односи на Република Србија и Република Северна Македонија, втемелени на меѓусебно разбирање, ќе продолжат да се зајакнуваат во периодот што е пред нас“, пишува во честитката од српскиот претседател.
Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, упатувајќи честитки за Денот на независноста, посакува просперитет, здравје и среќа.
„Република Северна Македонија не е само наш сосед, туку и вистински пријател на нашата млада република. Ние сме посветени за натамошно зајакнување на односите меѓу нашите држави“, се вели во честитката од косовската претседателка.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленским во телефонски разговор со претседателот Пендаровски упатил најсрдечни честитки по повод Денот на независноста и желби за напредок и просперитет на граѓаните на Северна Македонија.
Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан, во честитката упатил желби за мирна и просперитетна иднина на граѓаните на Република Северна Македонија.
„Основани на доверба, долгогодишните и добри односи меѓу нашите две земји може да ни помогнат заедно да се справиме со големите глобални предизвици“, наведува во честитката претседателот на Швајцарската конфедерација.
Претседателот на Ирска, Мајкл Хигинс, упатил искрени честитки по повод нашиот национален ден.
„Нека претстојното време донесе мир, благосостојба и среќа за граѓаните во Република Северна Македонија“, стои во писмото од ирскиот претседател.
Претседателот на Република Естонија, Керсти Калјулаид, во честитката изразува надеж дека соработката меѓу двете земји ќе биде дополнително зајакната во областите од заеднички интерес.
„Ние остануваме цврсти поддржувачи на европските аспирации на Северна Македонија“, пишува во честитката од естонскиот претседател.
Генералниот гувернер на Австралија, Дејвид Хурли, во честитката упатува желби за натамошен просперитет и развој.
„Го изразувам моето уверување дека пријателските односи меѓу нашите две држави ќе продолжат да просперираат во годината што следува“, стои во честитката од генералниот гувернер на Австралија.
Претседателот на Република Ерменија, Армен Саркисијан, во писмото, упатувајќи честитки за Денот на независноста, им посакува добро здравје, успех и благосостојба на граѓаните на Северна Македонија.
„Ерменија придава значење на понатамошното унапредување на односите со Северна Македонија како на билатералните така и на мултилатералните платформи“, наведува во честитката ерменскиот претседател.
По повод 8 Септември, Денот на независноста, честитки до претседателот Пендаровски испратиле и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кралот на Шведска, Карл XVI Густаф, кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз ал-Сауд, султанот на Оман, Хајтам Бин Тарик, претседателот на Египет, Абдел Фатах сл-Сиси, и претседателот на Шри Ланка, Готобаја Раџапакса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект
Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во продолжение на процесот започнат за спојување на ВЛЕН во еден субјект, објави на социјалните мрежи лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
„Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН.
Во оваа прилика, Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам со разговорите за иднината на ВЛЕН, давајќи поддршка на спојувањето во еден субјект, со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот и волјата на гласачите на ВЛЕН и сите Албанци“, соопшти Касами.
На состанокот на Собранието, како што вели, била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата.
„Членовите на собранието ја поддржаа мојата изјава дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата.
Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средство за наша најдобра и најефикасна служба на сите граѓани, а особено на Албанците, и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип“, додава Касами.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.

