Македонија
ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња за градоначалници – Тимчо Муцунски за Аеродром, Оливер Зафировски за Карпош
ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот комитет и Централниот комитет донесе одлука за кандидати за градоначалници на општините Аеродром, Карпош, Битола, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Долнени.
Како што информираат од партијата, при изборот се воделе од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните.
Во општина Аеродром кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Тимчо Муцунски доцент на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје каде предава Римско право, Реоторика и Правна аргументација.
Тој е актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на партијата.
За општина Карпош, избор на партијата е доктор Оливер Зафировски специјалист педијатар, пулмоалерголог со над 32-годишно искуство. Работи во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле од 1989 година каде бил и директор во периодот од 2006 година до 2017 година.
Во 2016 година во рамки на Институтот го основал Центарот за цистична фиброза.
Зафировски бил советник во општина Карпош во периодот 2009-2011 година и потпретседател на ОК Карпош во два мандата.

Како кандидат за градоначалник на Битола, ВМРО-ДПМНЕ го номинира Тони Коњановски доктор специјалист епидемиолог, кој, како што велат од партијата, во време на ковид-кризата, ја потврдил својата висока професионалност, човечност и хуманост.
Тој е и советник во Советот на општина Битола. Во изминатите години активно членува во Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидат за општина Струмица е Жан Дрвошанов дипломиран економист, со долгогодишно искуство од областа на финансиите и менаџирањето со сопствена фирма за сметководствени услуги и финансиски консалтинг во Струмица.

Кандидат за Кичево е докторот Александар Јовановски кој работи во сопствена приватна здравствена установа, со претходно работно искуство како професор по медицина во средното општинско училиште „Мирко Милески“ во Кичево.

Во Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ ќе „истрча“ со Александар Рангелов дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први”. Тој е актуелен советник во Советот на општината и потпретседател на ОК Крива Паланка, фамилијарен човек, татко на две деца.

Кандидат за челник на Старо Нагоричане е Велибор Денковски дипломиран на Филолошкиот факултет во Скопје на катедра за ПиТ француски и англиски јазик. Претходно работел и како наставник по англиски јазик во основни училишта на територија на општина Старо Нагоричане и Куманово, потоа и ангажиран во МИОА како поддршка на проектот компјутер за секое дете.

Кандидат за градоначалник на општина Долнени ќе биде Ладо Глигороски, за кого од партијата велат дека е чесен и семеен човек, татко на три деца. Активно се занимава со земјоделие.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

