Македонија
Починати 30 лица, регистрирани 577 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово – 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип – 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци – 11, Свети Николе – 9, Охрид – 8, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1 лице.
Регистрирани сe 1.010 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 443, Тетово – 112, Куманово и Гостивар – по 75, Струмица – 46, Кичево – 42, Кавадарци – 25, Прилеп и Битола – по 21, Штип – 20, Радовиш – 19, Свети Николе – 18, Ресен – 15, Дебар – 13, Велес и Кочани – по 12, Кратово – 8, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5, Охрид, Виница и Богданци – по 4, Валандово и Крушево – по 2, Струга и Крива Паланка – по 1 лице.
Пријавени се 30 починати лица: 7 од Скопје (53, 65, 72, 78, 82, 83 и 85), по 5 од Гостивар (23, 37, 66, 70 и 71) и Струмица (55, 67, 72, 76 и 79), по 3 од Тетово (60, 71 и 90) и Куманово (34, 53 и 57) и по едно починато лице од Битола (80), Радовиш (64), Велес (55), Охрид (71), Струга (41), Крива Паланка (85) и Берово (88).
Од пријавените, 27 се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Направени се 5.362 теста преку: ИЈЗ – 504, ЦЈЗ Скопје – 73, ЦЈЗ Битола – 95, ЦЈЗ Прилеп – 67, ЦЈЗ Тетово – 92, ЦЈЗ Куманово – 62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 4, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 18, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 4, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 122, „Авицена“ – 329, „Биотек“ – 331, „Систина“ – 110, лабораторија „Лаор“ – 405, „Синлаб“ – 34, „Ремедика“ – 34, „Плодност“ – 59, „Генеа“ – 27, „Никоб лаб“ – 718, „ВФВ медикал“ – 92, „Ели медика“ – 104, „Ројал медика“ – 24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.051.
Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 78.798, Активни 5.731
Куманово 10.651, Активни 859
Тетово 10.630, Активни 1192
Прилеп 8.789, Активни 269
Гостивар 7.848, Активни 726
Битола 6.842, Активни 266
Велес 5.886, Активни 231
Охрид 5.673, Активни 554
Кавадарци 5.596, Активни 186
Струмица 5.417, Активни 543
Штип 5.408, Активни 214
Кичево 3.772, Активни 494
Струга 3.699, Активни 618
Кочани 3.053, Активни 101
Гевгелија 2.321, Активни 71
Неготино 2.272, Активни 52
Свети Николе 1.764, Активни 121
Ресен 1.458, Активни 104
Дебар 1.424, Активни 208
Радовиш 1.403, Активни 100
Крива Паланка 1.316, Активни 63
Берово 1.168, Активни 58
Делчево 1.092, Активни 84
Виница 982, Активни 41
Пробиштип 876, Активни 55
Валандово 763, Активни 33
Богданци 539, Активни 31
Крушево 518, Активни 20
Кратово 496, Активни 53
Македонски Брод 449, Активни 39
Демир Хисар 418, Активни 11
Демир Капија 404, Активни 3
Пехчево 304, Активни 8
Македонска Каменица 283, Активни 24
Дојран 138, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Жан Митрев Клиника со признание за медицински туризам на Меѓународниот саем во Нови Сад
Клиничката болница Жан Митрев е добитник на признанието за „придонес кон иновации и професионален пристап на клиниката како водечка дестинација за медицински туризам“ на годинешниот 56 -ти Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, што се одржа од 26 до 29 ноември.
Ова признание претставува силна потврда дека Жан Митрев Клиника се позиционира и е препознаена како реномирана дестинација за медицински туризам, со високи стандарди и иновативен пристап во државата, регионот, но и во светот.

Во последниве 25 години, во Клиниката Жан Митрев остварени се 1,1 милиони посети од повеќе од 400 000 пациенти од Македонија, Косово, Албанија, Хрватска, Швајцарија, Англија, Либија и многу други држави, а извршени се повеќе од 45 000 оперативни зафати. Ова е доволен показател за највисоките стандарди што ги применува Жан Митрев Клиника од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите, за што впрочем говори и последното признание за медицински туризам на саемот за туризам во Нови Сад.
На меѓународниот настан учествуваа околу 250 изложувачи од 10 држави, а Македонија беше држава партнер. Македонското Министерство за култура и туризам предводено од министерот Зоран Љутков ја претстави својата туристичка понуда пред бројните посетители
Учеството на Саемот претставува значајна можност за меѓусекторско поврзување на приватниот и јавниот сектор, преку граѓански организации кои придонесуваат за развој, како и туристички агенции, угостители и хотелиери.

Жан Митрев Клиника изразува благодарност за признанието, кое претставува потврда дека континуираната посветеност, врвната експертиза и довербата што ја ужива меѓу пациентите од Балканот и пошироко, ја прават вистински амбасадор на македонското здравство на меѓународната сцена.
ПР
Македонија
Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување
Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција.
Нејзини клучни препораки се: итно донесување на Националната стратегија 2026 – 2033; проширување на мрежата на засолништа; обезбедување долгорочна финансиска поддршка на жртвите; воведување стандарди во давањето на услугите од страна на социјалните центри; вработување на соодветен, стручен кадар и негова континуирана обука како и побрзо лиценцирање на СОС линиите. Според неа, програми за психосоцијален третман, треба да се спроведуваат не само со жртвите, туку и со сторителите.

Таа смета дека програмите за психосоцијален третман се потребни не само за жртвите, туку и за сторителите.
Претседателката укажа на потребата од јасни критериуми при распределбата на финансиите, врз основа на претходна анализа на трошоците.
Мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот, истакна таа.
Сиљановска-Давкова предупреди дека жените остануваат незаштитени во критички момент како резултат на дисфункционалноста и некоординираноста на институциите. Заради тоа, фемицид расте, институционалната недоверба се продлабочува и се нарушува нашиот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.

Укажувајќи на поразителната статистика на МВР за бројот на жртвите, учесниците во јавната расправа се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство, како и соодветен одговор на кривичните дела врзани за насилството.
На седницата се обратија претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексовска.
Во дискусијата учествуваа претставници од државните институции на национално и локално ниво, на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.
Македонија
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина Карпош.
Од секое училиште беа земени мостри од храна како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата.
По направените анализи во испитуваните примероци не се докажани патогени бактерии.
Освен во едно од училиштата каде на 2 површини е докажано присуство на ентеробактерии, што е индикатор на недоволна хигиена.
ИЈЗ ќе предложи иницијатива што ќе значи дополнителни промени во Националната годишна програма за јавно здравје, одредени правилници, законски и подзаконски акти, кои се во насока на подобра хигиена во училиштата, градинките, како и побезбедна храна, вода во истите што ќе значи унапредување на теми поврзани со јавното здравје.

