Свет
Москва му понуди на Вашингтон соработка во борбата против тероризмот
По повод 20-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Русија соопшти дека е подготвена повторно да соработува со САД во борбата против тероризмот.
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов изјави дека Русија тагува заедно со САД и дека Москва е подготвена да го продолжи дијалогот предводен од министрите за надворешни работи на двете сили во 2018 и 2019 година за борба против тероризмот.
„ Мораме да ги оставиме настрана сите спорови и да работиме заедно за човештвото. Руската страна е подготвена да ги започне тие преговори. Тоа е нашиот природен приоритет”, напиша Антонов на Фејсбук страницата на руската амбасада, и покрај комплицираните билатерални односи меѓу двете земји.
Тој изрази благодарност до САД за размената на информации, што овозможи спречување на атентатот во Санкт Петербург во 2017 и 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе му ја доделиме на Трамп нашата највисока награда, досега ја добиваа само Израелците
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ја прими наградата за мир во Израел, највисокото цивилно одликување во земјата, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„За речиси 80 години, никогаш не сме ја доделиле на некој што не е Израелец. А оваа година ќе му ја доделиме на претседателот Трамп“, рече Нетанјаху.
Тој додаде дека Трамп ја добива наградата „за неговиот огромен придонес кон Израел и еврејскиот народ“.
Трамп рече дека веста за наградата е „навистина изненадувачка и многу ценета“.
Трамп вчера се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Флорида за да разговара за застојот околу прекинот на огнот во Газа и загриженоста на Израел за Иран и либанската група Хезболах.
Во разговор со новинарите, Трамп ја задржа својата цврста поддршка за Нетанјаху, дури и кога некои советници и сојузници сугерираа дека израелскиот лидер бавно ги спроведува елементите од договорот за прекин на огнот потпишан во октомври.
Трамп рече дека тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху решиле три тешки прашања за Газа за пет минути.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.

