Спорт
Американците мора да имаат „злосторник“ – до вчера тоа беше Ѓоковиќ, сега е Русинот?
Публиката на САД опен е позната по тоа што јасно го искажува своето мислење со свиркање и гласни реакции, но овојпат првпат мета на тоа е беше Новак Ѓоковиќ, кој и самиот честопати се наоѓаше во конфликт со нив, туку Русинот Данил Медведев.
Медведев го шокираше тенискиот свет со 6:4/6:4/6:4 победа над Новак Ѓоковиќ, за да стане првиот тенисер од „новата генерација“ кој победил еден од „големата тројка“ во гренд слем финале. Медведев, сепак, беше исвиркан на меч-поен, по што го загуби својот сервис, но два гема потоа, стигна до победата, и тогаш беше исвиркуван.
Ѓоковиќ, пак, беше зачуден од реакцијата.
„Иако не победив, срцето ми е полно со радост и најсреќниот сум бидејќи ме направивте да се чувствувам посебно на теренот. Никогаш не сум се чувствувал вака во Њујорк. Ве сакам момци, благодарам за поддршката. Се гледаме наскоро“, изјави Србинот.
Медведев не е првпат „контра“ публиката во Њујорк. Во 2019 година, кога беше исвиркуван цел меч, на крајот им одговори.
„Благодарам момци, колку што повеќе го правите ова, повеќе ќе победувам за вас. Кога ќе легнете вечер, размислувајте за тоа“, изјави тогаш Медведев.
25 years DANIIL MEDVEDEV,
the world number 2, beats World number 1, NOVAK DJOKOVIC 6-4, 6-4, 6-4 to win the #USOpen
DANIIL apologized to CROWD for FINISHING the game FAST as because he has to PURCHASE a GIFT for his WIFE to CELEBRATE their THIRD MARRIAGE ANNIVERSARY. pic.twitter.com/GvH8My5BM4— Riz.Khan (@RizKhan68912327) September 13, 2021
Daniil Medvedev responding to the US Open crowd booing him in 2019.
"The more you do this, the more I will win for you guys."
Two years later he wins his first grand slam at the US Open.pic.twitter.com/cW1KZjQQ9M
— Sam Street (@samstreetwrites) September 13, 2021
Novak Djokovic said the love of the #USOpen crowd felt "as strong as winning 21 grand slams", after his defeat in the final to Daniil Medvedev pic.twitter.com/W8aNSXroB5
— PA Sport (@pasport) September 13, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шифрин доминантно до златниот медал во слалом
Микаела Шифрин, на импресивен начин, со предност од 1,50 секунди, го освои златниот медал во слалом.
За 30-годишната Американка, ова е осма победа во слалом оваа сезона, таа само ја продолжи доминацијата од Светскиот куп со две брилијантни трки. Во Милано и Корина го освои четврти олимписки медал во кариерата, трет златен.
Шифрин, во првата трка создаде огромна предност пред ривалките. Втората трка донесе хаотичен финиш.
Корнелија Елунд, трета по првото возење, направи голема грешка во долниот дел од патеката и не ја заврши тркаат. Лена Дир, втора по првото возење, излета на првата капија и ја шокираше публиката и остана без медал.
Покрај Шифрин, на подиумот завршија Камила Раст и Ана Свен Ларсон.
Швајцарката Раст, која во јули полни 27 години, освои сребро, за неа ова е прв олимписки медал. Прва пат медал на Олимпијадите освои и Швеѓанката Ларсон. Ја искористи последната можност, со оглед на тоа што во јуни полни 35 години.
Швајцарката Венди Холденер беше четврта, 21 стотинка зад Ларсон, Катарина Труп беше петта, а по неа следуваа: Катарина Хубер, Мелани Мајер, Ема Ајхер и Кејтлин Мекфарлан.
Foto/ EPA
Спорт
Атанасовска не ја заврши трката во слалом
Maкедонската скијачка Јана Атансовска, претпладнево го имаше вториот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
И вториот настап на Атанасовска, заврши неславно. По трката во велеслалом, таа не успеа да ја заврши и трката во слалом.
Атанасовска стартуваше како 61-ра, направи грешка во раната фаза од трката, поради што не успеа да се избори за настап во втората трка.
Инаку, по првата трка убедлива предност има Американката Микаела Шифрин.
Foto/ mok.org.mk
Спорт
(Видео) Спалети: Три чекори назад
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, зборуваше на прес-конференцијата по убедливиот пораз од Галатасарај.
Фудбалерите на Јувентус доживеаа дебакл во Истанбул, турскиот тим победи убедливо со 5:2.
„Лошо го завршивме првото полувреме и се обидовме да ја подобриме ситуацијата во второто. Нашиот тим падна во однос на посветеноста и карактерот. Денес, Јувентус се врати три чекори назад, а не еден“, рече Спалети.
Искусниот стратег потоа ја опиша ситуацијата поради која Хуан Кабал беше исклучен на почетокот на второто полувреме.
„Камбијасо ризикуваше да добие втор жолт картон кон крајот на првото полувреме. Ако веќе имате жолт картон во вакви натпревари, мора да знаете како да се однесувате, но сепак ја плативме цената со исклучувањето на Кабал. Тоа ни создаде некои тешкотии, а потоа и самите направивме премногу грешки, вклучително и во организацијата на нападот.“
Потоа Спалети ја анализираше играта на својот тим.
„Верувам дека нашиот тим може да ја подобри својата дефанзивна игра ако игра правилно. Немаме фудбалери кои се особено добри во контранападите или такви кои гарантираат голема сигурност во одбраната. Ако паднеме под нашето ниво, секогаш ќе бидеме во опасност“, истакна Спалети, а потоа продолжи:
„Секогаш сакаме да играме во нормални ситуации. Кога има сериозна опасност, топката мора да се исфрли, идејата дека секогаш треба да се игра не е точна. Кога се случуваат екстремни ситуации, никогаш не е лесно. Мора да преземеме одговорност. На индивидуално ниво и во разбирањето на одредени ситуации, тимот сè уште не е во најдобра форма и вечерва само ја влошивме ситуацијата“.
Ревашот, во кој Јувентус ќе биде домаќин ќе се одигра наредната среда, во Торино.
Foto/ depositphotos

