Спорт
Зошто и како пропаднал трансферот на Роналдо во Манчестер сити
Кристијано Роналдо во летниот преоден рок се врати во Манчестер јунајтед. Португалецот, по две сезони, го напушти Јувентус. На дебито за Јунајтед, Роналдо постигна два гола.
Трансферот на Роналдо во Манчсетер јунајтед го шокира фудбалскиот свет бидејќи најавите беа дека тој ќе се пресели во синиот дел на Манчестер.
Истото го тврди еден од најпознатите шпански трансфер-инсајдери, новинарот Гилему Балагеу.
„Роналдо и неговиот менаџер Мендеш преговараа со Сити. Пеп Гаврдиола беше заинтересиран за трансферот. Му вети на Роналдо дека ќе постигне повеќе од 40 гола во сезоната. Јувентус ја прифати понудата. Две години клубот се обидуваше да го продаде, иако преку медиумите, кои му се наклонети на клубот, секогаш ги демантираа тие информации“.
Новинарот открива како се случил пресвртот и како Роналдо неочекувано ја смени дестинацијата.
„Пред да го реализира трансферот, Сити мораше да продаде барем еден фудбалер од нападот. Се појави Барселона на чело со претседателот Џоан Лапорта. Тие беа заинтересирани за Стерлинг, Габриел Жесус и за Бернаро Силва. Бизнисот пропадна кога останаа без пари“, напишал Балагуе.
„Роналдо сакаше да оди во Сити, но имаше и резервен план. Се појави Манчестер јунајтед. Доби подобра понуда, поголема плата од она што му го понудија во Сити. Најпрвин Манчестер јунајтед не беше заинтересиран, но кога се појави таа опција, знаеше дека треба да реагираат. Беа воодушевени што може да го донесат за 15 милиони евра плус одредени бонуси“, информира шпанскиот новинар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025
Спорт
Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино
Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, одлучи да не учествува на Завршниот мастерс во Торино.
Српскиот играч имаше голема желба да биде дел од завршниот турнир, а по победата против Лоренцо Мусети во финалето во Атина, тој зборуваше за причините за (не)очекуваната одлука.
„Навистина се радував на Мастерсот во Торино и можноста да дадам се од себе, но по денешното финале во Атина, со жалење објавувам дека морам да се повлечам поради повреда“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Искрено ми е жал за навивачите кои се надеваа дека ќе ме видат како играм – вашата поддршка ми значи многу. Им посакувам на сите играчи неверојатен турнир и едвај чекам наскоро да се вратам на теренот со сите вас.“
Ѓоковиќ требаше да биде во таканаречената „Џими Конорс група“ со Карлос Алкараз, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. Наместо него, Мусети ќе игра во Торино.
Јаник Синер, Александар Зверев, Бен Шелтон и Феликс Оже-Алијасим играат во „Групата Бјерн Борг“.
Турнирот е закажан од 9 до 16 ноември, а првиот ден на програмата се натпреварите Алкараз – Де Минор (14) и Зверев – Шелтон (20:30).
Спорт
(Видео) Одигра за чиста десетка – Меси го однесе Интер во полуфиналето на Истокот
Лионел Меси (38) со брилијантна партија го однесе Интер Мајами во полифиналната Источна конференција во МЛС.
Мајсторката со Нешвил, Интер ја добија со 4:1. Меси имаше два гола и една асистенција.
Меси го отвори резултатот во десеттата минута со шут од земја од малку повеќе од 16 метри, а од слична ситуација погоди и во 39-тата минута. Во 76-та минута, Тијаго Алмада постигна гол за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.
Освен брилијантниот настап што го одведе Интер Мајами во следната фаза од натпреварувањето, Меси беше оценет на Софаскор со чиста 10.
Меси против Нешвил забележа и јубилеј од 400 асистенции во кариерата.

