Македонија
(Видео) Милошоски: Заев не е ајатолахот од Иран па да одлучува кој има морална обврска да поднесе оставка
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска, од собраниската говорница побара предлог-точката за одлука за разрешување на Венко Филипче од функцијата министер за здравство да биде ставена на дневен ред посочувајќи дека очекува поддршка од страна на сите пратеници, односно, како што рече тој, да се констатира оставката за да може на овој важен ресор да се предложи посоодветна личност.
„Сметаме дека тоа е најмалку што може да го направи Собранието, да ја констатира оставката на министерот Филипче, кој сноси објективна одговорност за ваквата катастрофа, а за субјективната негова одговорност или на други фактори во истражна постапка ќе се одлучува Јавното обвинителство“, рече Милошоски.
Тој предложи точката да биде прва на дневниот ред и посочи дека се надева на поддршка од сите пратеници.
„Оставката како морален чин не треба да биде предмет на ничија истрага, тоа е оставка на човек што има или нема гризење на совеста, а премиерот не е ајатолахот во Иран па да одлучува кој има совест, кој е морален или кој е неморален во државата“, посочи Милошоски.
Тој упати апел до претседателот на Собранието, Талат Џафери, преку прифаќање на предлог-одлуката за разрешување на Филипче да покаже дека има поголема совест од Зоран Заев, кому, како што рече, Филипче му е важен за големи тендери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

