Македонија
Изречени мерки за директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ поради насилство кон вработена
Постоење насилство од страна на директорот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кон вработена во истото училиште, утврди Граѓанскиот суд во Скопје, информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права и коалицијата „Маргини“.
Како што додаваат од таму, пресудата е резултат на тригодишната борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.
Коалицијата „Маргини“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2019 објавија извештај во кој побараа институциите да го истражат проблематичното однесување на директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“.
Во извештајот беше побарано: надлежните институции, особено Министерството за образование и наука и Општина Аеродром, да ги испитаат индициите и да постапат според нив имајќи го предвид најдобриот интерес на детето и водејќи се од начелото дека заштитата и превенцијата од родово заснованото насилство и насилството врз жени и девојки треба да биде императив во образовниот процес.
„Сепак, и покрај сите укажувања, директорот сѐ уште е на својата позиција во училиштето, а вработената во текот на оваа година добила отказ“, објаснуваат двете организации.
Вработената во ова училиште, по сите обиди да ги заштити нејзините права на 25 февруари годинава, преку адвокатката Марта Гусар до Основниот граѓански суд Скопје поднела предлог за изрекување привремени мерки за заштита од родово базирано насилство – домашно насилство, поддржано и од страна на ЈУМЦСР на Град Скопје, со предлог за изрекување привремени мерки за заштита, против директорот.
„По спроведување судска постапка од страна на судот, констатирано е постоење насилство од страна на Перо Арсеновски, со што изрешени се привремени мерки за заштита од семејно – домашно насилство, како кон вработената така и кон членовите на нејзиното семејство и двете малолетни деца, кои впрочем се ученици во истото училиште.
Изречени мерки:
1. Му се забранува на Перо Арсеновски да се заканува дека ќе стори семејно насилство;
2. Му се забранува на Перо Арсеновски да ја малтретира, вознемирува и да врши семејно насилство врз неа;
3. Му се забранува да ја вознемирува и да телефонира;
4. Му се забранува да ги вознемирува членовите на нејзиното семејство и двете малолетни деца“, се наведува во соопштението.
Привремените мерки се изречени во времетраење од 6 месеци почнувајчи заклучно од 2 септември годинава, а жалабата не го одлага извршувањето на ова решение.
Коалицијата „Маргини“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравуваат оваа одлука на Граѓанскиот суд во Скопје и ги потсетуваат институциите, особено локалната власт, дека образовните институции и средини не смеат да го толерираат, игнорираат, а уште повеќе поддржуваат родово заснованото насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

