Македонија
30 починати и 572 новозаболени со Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од: Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип – 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).
Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Направени се 4.511 тестови преку: ИЈЗ-304, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–88, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-277, Биотек-294, Систина-109, лабораторија Лаор-198, Синлаб-28, Ремедика-14, Плодност–52, Генеа-31, Никоб лаб-492, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-108, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.037.
Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 79716, Активни 5728
Гостивар 7885, Активни 629
Куманово 10814, Активни 882
Тетово 10671, Активни 1090
Кавадарци 5649, Активни 179
Велес 5951, Активни 252
Струмица 5500, Активни 495
Штип 5465, Активни 210
Кичево 3817, Активни 486
Неготино 2280, Активни 39
Свети Николе 1786, Активни 111
Радовиш 1432, Активни 98
Берово 1182, Активни 49
Виница 992, Активни 41
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 308, Активни 10
Прилеп 8835, Активни 286
Битола 6877, Активни 265
Охрид 5723, Активни 601
Струга 3728, Активни 640
Кочани 3081, Активни 109
Гевгелија 2335, Активни 68
Ресен 1473, Активни 102
Дебар 1433, Активни 171
Крива Паланка 1327, Активни 50
Делчево 1096, Активни 60
Пробиштип 879, Активни 45
Валандово 772, Активни 32
Богданци 540, Активни 23
Крушево 518, Активни 16
Кратово 509, Активни 55
Македонски Брод 453, Активни 35
Демир Хисар 419, Активни 11
Македонска Каменица 286, Активни 17
Дојран 139, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

