Македонија
Николовски – Задиќ: Австрија ги поддржува храбрите политики во борбата против корупцијата
Во рамките на работната посета на Виена, Република Австрија, вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, имаше работна средба со федералната министерка за правда на Република Австрија, Алма Задиќ. На средбата вицепремиерот Николовски ги презентира тековните и идните владини мерки за борба против корупцијата. Николовски ја информира министерката Задиќ за усвојувањето на Националната програма за усогласување со европското законодавство 2021 – 2025 и изрази благодарност за поддршката на Австрија на реформскиот процес во Северна Македонија, особено во областа на владеењето на правото.
„Со министерката Задиќ сме предводници на една млада генерација политичари што имаат искрени намери за нови промени што резултираат со храбри политики и мерки за општество што почива на ред, правда и функционалност. Северна Македонија направи голем исчекор во однос на исполнување на стратешките цели, членството во НАТО, а нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност за почеток на преговорите со ЕУ се неоспорни. Сега фокусот го ставаме на борбата против корупцијата и криминалот не затоа што ЕУ го бара од нас туку затоа што имаме обврска кон граѓаните да им овозможиме подобри услови за живеење во општество еднакво за сите“, рече Николовски.
Министерката Задиќ порача дека Австрија останува отворена за експертска помош на Северна Македонија во делот на борбата против корупцијата.
„Вашата земја направи многу во поглед на евроинтеграциите, а клучен е напредокот што го направивте во борбата против корупцијата. Австрија останува силен поддржувач на Северна Македонија. Сите наши искуства, особено во делот на владеење на правото и борбата против корупцијата, ќе ви бидат на располагање“, рече Задиќ.
При официјалната посета на Виена во текот на вчерашниот ден вицепремиерот Николовски имаше работни средби со извршната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC), Гада Фати Вали, како и со директорот на Одделот за спогодбени работи на UNODC и неговиот тим експерти, на кои се разговараше за досегашната соработка во рамките на Регионалната програма на UNODC за Југоисточна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

