Свет
Кина сака пристап до транспацифичкиот партнерски сојуз

Министерот за трговија на Кина во писмена форма му го го предаде барањето за придружување кон договорот за слободна трговија на новозеландскиот министер за трговија.
Во обид да го зајакне своето трговско влијание, Кина, втората по големина економија во светот, аплицира за да се приклучи на сеопфатниот и прогресивен транспацифички договор за партнерство.
Овој договор беше потпишан во 2018 година од 11 земји, вклучувајќи ги Австралија, Канада, Чиле, Јапонија и Нов Зеланд.
Договорот порано беше познат како транспацифичко партнерство и се сметаше за важна економска противтежа на регионалното влијание на Кина.
Јапонија, која годинава претседава со ова партнерство, рече дека ќе се консултира со сите земји членки за да го коментираат барањето на Кина, но не кажа колку бргу тоа ќе се случи.
„Јапонија верува дека е неопходно да се утврди дали Кина, која аплицира за приклучување кон ТЕ-11, е подготвена да ги исполни екстремно високите стандарди на нашата организација“, рече јапонскиот министер за економија, Јасутоши Нишимура.
TPP беше клучен сојуз за стратешкиот пресврт на поранешниот американски претседател Барак Обама кон Азија, но неговиот наследник Доналд Трамп ги повлече САД од тој договор од 2017 година.
Пристапувањето кон партнерството ќе биде голем поттик за Кина по минатогодишното пристапување во договорот за слободна трговија на 15-члено регионално сеопфатно економско партнерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога мировните преговори се во застој.
Според здравствени извори, голем дел од жртвите се убиени додека чекале хуманитарна помош во близина на граничниот премин Зиким со Израел. Меѓу загинатите има и четири лица од иста семејна зграда во градот Газа.
Организацијата на Обединетите нации предупреди на ризик од масовна глад во енклавата, и покрај тврдењата на Израел дека не ги блокира доставите на помош. Според ОН, големиот дел од помошта не може да стигне до населението поради воени блокади и грабежи.
Преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас се прекинати, откако американските и израелските преговарачи се повлекоа од Катар. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека се разгледуваат „алтернативни опции“, додека Хамас смета дека повлекувањето било тактика на притисок.
Свет
Поради пожарите во Турција евакуирани се над 2.600 лица

Турската Дирекција за управување со вонредни ситуации (АФАД) евакуираше 2.619 лица откако оваа недела Турција се соочи со серија интензивни шумски пожари во повеќе провинции, јави весникот „Дејли сабах“.
Пожарите, поттикнати од екстремно високи температури, силен ветер и сушно време, мобилизираа илјадници спасувачи и доброволци кои учествуваат во гаснењето на огнот. Екипите се активни од воздух и копно, а според АФАД, ангажирани се 4.231 лице, 45 летала и 1.236 копнени возила.
Најтрагичниот инцидент се случи во средата, во руралниот дел на провинцијата Ескишехир, каде животот го загубија десет лица – пет шумски работници и пет припадници на организацијата АКУТ за пребарувачко-спасувачки операции, додека се бореле со огнената стихија.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, изјави во петокот дека во гаснењето учествуваат 27 авиони, 105 хеликоптери, 6.000 возила и 25.000 лица. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите.
Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.