Македонија
41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 274, Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и Штип –по 14, Кочани – 13, Тетово – 12, Охрид – 11, Гостивар – 8, Струмица, Кичево и Радовиш – 7, Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија и Демир Хисар – по 4, Делечево, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 2, Берово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1 лице.
Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 176, Куманово – 19, Струмица и Ресен – по 8, Кавадрци – 6, Прилеп и Битола – по 5, Кичево – 4, Штип – 3, Велес, Тетово и Гостивар – по 2, Кочани, Радовиш, Пробиштип, Демир Хисар и Свети Николе – по 1 лице.
Пријавени се 41 починато лице: 23 починати лица од Скопје (84г, 82г, 81г, 79г, 78г, 77г, 75г, 73г, 71г, 68г, 68г, 66г, 64г, 62г, 62г, 62г, 60г, 56г, 52г, 47г, 31г, 23г и 18г), 4 починати лица од Тетово (82г, 81г, 76г и 69г), по 3 починати лица од Куманово (71г, 69г и 66г) и Кичево (84г, 81г и 63г), по едно починато лице од Прилеп (66г), Гостивар (83г), Битола (72г), Струмица (75г), Охрид (78г), Струга (45г), Кавадарци (79г) и Дебар (54г)
Од пријавените 41 лице, 36 се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови.
Направени се 5.589 тестови преку: ИЈЗ-256, ЦЈЗ Скопје-74, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-62, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово-78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-326, Биотек-378, Систина-89, лабораторија Лаор-375, Синлаб-41, Ремедика-14, Плодност–82, Генеа-21, Никоб лаб-657, ВФВ Медикал-86, Ели Медика-140, Ројал Медика –63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.451.
Досега во земјата се направени вкупно 1.248.079 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 80821, Активни 5869
Куманово 11005 948
Тетово 10733, Активни 1057
Прилеп 8892, Активни 283
Гостивар 7920, Активни 574
Битола 6925, Активни 250
Велес 6022, Активни 289
Охрид 5793, Активни 663
Кавадарци 5727, Активни 207
Струмица 5593, Активни 509
Штип 5543, Активни 247
Кичево 3872, Активни 480
Струга 3753, Активни 662
Кочани 3126, Активни 139
Гевгелија 2350, Активни 73
Неготино 2295, Активни 44
Свети Николе 1815, Активни 112
Ресен 1503, Активни 109
Радовиш 1475, Активни 118
Дебар 1442, Активни 149
Крива Паланка 1345, Активни 53
Берово 1193, Активни 50
Делчево 1107, Активни 67
Виница 1004, Активни 46
Пробиштип 893, Активни 45
Валандово 785, Активни 36
Богданци 543, Активни 21
Кратово 525, Активни 56
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 460, Активни 33
Демир Хисар 424, Активни 15
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 12
Македонска Каменица 292, Активни 22
Дојран 139, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови
Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), според состојбата до 18:00 часот.
Во Штипско–Кочанскиот регион е регистрирано локално излевање на Кочанска река кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај селото Грдовци, а на терен интервенира Водостопанство „Брегалница“, додека полицијата од Кочани го обезбедува подрачјето и го регулира сообраќајот. Зрновска река се излева пред вливот во Брегалница, а состојбата ја следи Регионалниот центар за управување со кризи. Злетовска река и Брегалница имаат зголемен водостој, но без излевање. На патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса се интервенира поради одрон.
Во Охрид, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката Далја. ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат со механизација, додека Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување со пумпи вршат испумпување на водата од поплавените објекти. Регионалниот центар за управување со кризи Охрид ги координира пријавите преку бројот 112. Кај Коселска река, во правец на селата Ливоишта и Вапила, се преземаат мерки за заштита на патниот правец.
Во Кичево, поради претходните врнежи, дел од површините се заезерени, а состојбата со поплавените објекти на улицата „Прилепска“ е непроменета. ТППЕ, ДЗС и ЈП „Комуналец“ вршат испумпување и обезбедување на теренот, додека Општина Кичево и Црвениот крст се грижат за евакуираните лица.
Во Битолскиот регион, во Општина Битола се вршат теренски контроли од страна на РЦУК и општинските служби. ЈКП „Комуналец“ интервенира во населбата Стрчин, „Македонија пат“ расчистува на регионалниот пат Р-2333, а Водостопанство ја следи состојбата на реките Шемница и Црна. Во Ресен и Демир Хисар се врши испумпување и заштита на загрозените површини.
Во Куманово, Липково и Крива Паланка состојбата се следи од РЦУК, општините и Водостопанство, а „Македонија пат“ и комуналните претпријатија вршат превентивно расчистување и посолување на ризични патни делници.
Во Тетово се интервенира со механизација на патиштата кон селото Ѓермо и месноста Бањиче. Во Мала Речица полицијата и инспекциските служби постапуваат по уривање на потпорен ѕид, а во Желино се интервенира по излевање кај реките Стримница и Палатица. На Попова Шапка, по координација со РЦУК Тетово, патот се расчистува со механизација. Во Гостивар, ЈП „Комуналец“ и Водостопанство преземаат мерки по пријавени излевања.
Македонија
ЗНАМ: Одбивањето лидерска средба е признание за политичка слабост
Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздрави иницијативата на претседателот на Владата за одржување лидерска средба, оценувајќи ја како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во, како што наведуваат, клучен момент за државата.
Од ЗНАМ реагираат дека денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче, покажала отсуство на капацитет и волја за конструктивен политички дијалог, при што, според нив, наместо аргументи се нудат поделби, навреди и неосновани обвинувања.
„Кога се нема аргументи и резултати, се посегнува по стари сценарија – плашење на јавноста, теории на заговор и етикетирање на политичките противници“, се наведува во реакцијата, додавајќи дека, наместо соочување со сопственото минато, СДСМ повторно бега од разговор и се крие зад техничката влада.
Од Движење ЗНАМ за Наша Македонија нагласуваат дека се залагаат за целосно и непречено функционирање на институциите, одговорно носење одлуки и изнаоѓање конкретни решенија во интерес на граѓаните и државата. Според нив, на Македонија ѝ е потребна политичка храброст и зрелост, а не блокади, уцени и калкулации.
Во соопштението се посочува дека иницијативата за лидерска средба претставува можност релевантните политички чинители да покажат одговорност кон државата и граѓаните, при што одбивањето на дијалог, како што наведуваат, е признание за слабост.
ЗНАМ порачува дека останува определено за транспарентност, почитување на демократските процеси и враќање на довербата во институциите, како предуслови за стабилна држава и јасен, одговорен пат на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија.
Македонија
Променливо облачно утре, дожд и снег најавени за северозападните делови
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините се очекува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -9 до -2 степени, а максималните од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6 степени, а дневната ќе достигне околу 4 степени.
Во наредните денови следува нестабилен период. Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и повисоките места од снег, а во пониските предели од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува и дополнително зголемување на снежната покривка.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, а ќе има и повремени локални врнежи од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, при што на одредени места дневните температури ќе останат под нула степени.
Од вторник се најавува период на стабилно и суво време.

