Црна хроника
Исчезна 23-годишно момче кај езерото Калиманци

Дваесет и тригодишно момче од Виница во вторникот заминало на риболов на езерото Калиманци и не се вратило. Момчето од вчера се води за исчезнато, соопштуваат од СВР Штип.
Неговиот татко утрово во полициската станица во Делчево пријавил дека неговиот син Зоран Г. исчезнал.
Според неговите кажување, Зоран вчера околу 18 часот сам заминал на риболов на езерото Калиманци кај местото Бакарски гумна во атар на село Илово, делчевско.
Со татко му последно се слушнале на телефон во 23 часот, а потоа Зоран не се вратил дома.
Рано утрово неговото семејство и роднините го пребарувале теренот. Во близина на езерото го нашле автомобилот со кој отишол на риболов, а во езерото забележале превртен гумен чамец.
Полицијата направила увид на местото и трага по исчезнатото момче. Можно е да бидат ангажирани и специјални нуркачки клубови кои би го пребарувале езерото./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.