Црна хроника
Напаѓач во Тексас уби четири лица

Вооружен напаѓач во средата навечер по локално време убил најмалку четири лица во налудничав поход во градот Далас, во сојузната американска држава Тексас, и притоа ранил неколку лица.
Весникот Dallas Morning News, го именуваше осомничениот за убиствениот поход како Ирбие Боусер и извести дека е приведен. Во нападот се ранети уште четири лица од кои две се деца.
Имињата на жртвите сѐ уште не се објавени, но според непотврдени извештаи меѓу жртвите е и поранешната девојка на Броусер.
Според телевизиската мрежа ABC News, осомничениот влегол во домот на неговата поранешна девојка во Далас и отворил оган. Две лица загинале а други две биле хоспитализирани во критична состојба.
Бидејќи девојката не била во домот во Далас, напаѓачот отишол во блискиот град Десото каде што прво во една куќа фрлил граната а потоа почнал да пука во луѓето што биле во домот. Во ова пукање се убиени две жени, но полицијата не објави дали меѓу жртвите е и поранешната девојка на осомничениот. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот