Спорт
Обрадовиќ се прости од Дуда: Тој човек ми беше сè

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, беше еден од тренерите и кошаркарите што говореа на комеморацијата по повод смртта на Душан (Дуда) Ивковиќ, кој почина на 78 години во четвртокот.
„Отиде човекот кој ми беше сè – тренер, учител, ментор, кум, пријател. И тоа не само на мене. Не сакам да зборувам за Дуда како за тренер и за тоа што остави зад себе, за титулите и за трофеите, бидејќи за тоа е кажано многу. Сите што работеле со него знаат дека тој им помогнал да станат и подобри играчи и подобри луѓе. Минатиот четврток рано наутро Нена ме разбуди со вестите дека веќе го нема. Бев во шок, полн со емоции, но знаев дека морам да одам да работам со кошаркарите и во главата го имав тоа што Дуда ме учеше – да не види никој што се случува. По тренингот, не можев да ја запрам мојата Ања да плаче. Го собрав и синот Ѓорѓе да одиме кај Нена. Мојот син има 21 година и никогаш не сум го видел потажен“, говореше Обрадовиќ.
Освен него, зборуваше и претседателот на Српскиот кошаркарски сојуз (КСС), Предраг Даниловиќ.
„Нашиот сојуз и кошаркарската историја не би била исти без Дуда. Кошарката не беше дел од неговиот живот, туку беше неговиот живот. Многу тешко ни падна на сите и ќе го сакам засекогаш него и неговото семејство. Секогаш ќе остане мој селектор“, изјави Даниловиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мначестер јунајтед ќе платат 120 милиони за Балеба?

Претставници на Манчестер јунајтед вчера се сретнале со менаџерот на фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба.
„Тие разговараа за времетраењето на договорот и платата и сакаат сè да биде договорено пред да ја испратат понудата до Брајтон“, пишува Фабрицио Романо.
Младиот 21-годишен универзалец од средниот ред, пристигна во Брајтон пред две години за 27 милиони евра од Лил.
Медиумите на островот пишуваат дека Брајтон е подготвен да го продаде само за 120 милиони евра. Доколку трансферот биде реалиизран за оваа сума, Јунајтед ќе го сруши клупскиот трансфер рекорд.
Балеба не беше вклучен во составот на Брајтон за пријателскиот натпревар со Волфсбург вчера, што според медиумите е знак дека преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Гвардиола ги откри своите омилени играчи во НБА: Дончиќ и уште двајца
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кои се неговите омилени НБА играчи откако Мајкл Џордан се пензионираше.
Пеп Гвардиола е фудбалска икона, но дефинитивно не е ограничен само на еден спорт. Како што честопати споменуваше во минатото, обожава да гледа кошарка.
На прес-конференција во Палермо, Шпанецот рече дека кошарката е „огромен дел од неговиот живот“.
Гвардиола му честиташе на Џо Мазула, неговиот пријател, за продолжувањето на договорот со Бостон Селтикс, а како што објави Марк Штајн, Гвардиола беше замолен да каже кои се неговите моментални омилени играчи во НБА.
„Моите омилени играчи во ерата по Џордан се Стеф Кари, Лука Дончиќ и Леброн Џејмс“, рече Гвардиола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ливерпул тргнува по потписот на Гуеи

Натпреварот меѓу шампионот и освојувачот на ФА купот, традиционално ја отвора сезоната во англиската Премиер лига. За трофејот во Суперкупот ќе се борат Ливерпул и Кристал Палас.
Во пресрет на натпреварот, англиските медиуми тврдат дека челниците на Ливерпул ќе се обидат да го реалиизраат трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи.
Челзи се откажа од потписот на Гуеи, па сега Ливерпул има отворен пат кон англискиот репрезентативец.
Арне Слот го окарактеризира како цел со цел да ја зајакне конкуренцијата во последната линија, играчот е подготвен да оди на „Енфилд“ бидејќи влезе во последната година од договорот.
Затоа се очекува дека помеѓу 30.000.000 и 40.000.000 да биде доволна за реализација на трансфарот.
Ова лето, Ливерпул веќе ги донесе: Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике, Армин Пеци, а на тимот му се придружи и Георги Мамардашвили, кој ја помина минатата сезона на позајмица во Валенсија.
Фото/ Принтскрин