Македонија
Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишно образование

Подигнување на квалитетот на услугите во предучилишното образование и грижа што треба да доведе до поголеми образовни постигнувања, личен развој и социјална вклученост на децата – беше тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со експертскиот тим што работи на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“, финансиран во рамките на акцијата 4 „Образование, вработување и социјална политика“ од акциската програма на ИПА 2017.
Министерката оцени дека врвен приоритет е да се обезбеди најдобриот модел, со кој ќе се унапреди квалитетот на предучилишното образование на децата преку унапредување на квалитетот на стручниот кадар во градинките.
На средбата министерката Шахпаска посочи дека проектот ќе придонесе за побрз професионален и кариерен развој на стручниот кадар во градинките според европските стандарди. Таа предложи воспоставување мерит-систем заснован врз објективни вредности.
„Мери-системот ќе придонесе за унапредување на улогата на стручниот кадар во градинките. Тој ќе биде заснован на вредности што ќе гарантираат објективност. Кариерниот развој ќе биде според постигнатите резултати. Сакаме да ги градиме вредностите. Само така ќе го унапредиме квалитетот на образованието во предучилишната возраст. Тоа значи и мотивација за вработените за надградба и унапредување“, рече министерката Шахпаска.
Воведување систем на обуки и креирање модели, лиценцирање на стручните лица и зајакнување на родителското учество во детските градинки, особено на родителите на деца во ризик и деца што се социјално исклучени се дел од моделите преку кои ќе се унапредува квалитетот во предучилишното образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити: За 1 година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.
Македонија
Меџити: За една година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.
Македонија
Support Kocani со нова донација на компресивна облека за повредените од пожарот во Кочани

Граѓанската иницијатива Support Kocani ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.
Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а средствата се целосно обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората. Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари.
Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица.