Свет
Британските научници тестираат нова вакцина против Ковид-19
Научниците од Велика Британија почнаа со тестирање нова вакцина против Ковид-19 на луѓето, која се надеваат дека може да биде ефикасна против нови видови, како и да обезбеди подолг имунитет во споредба со оној што го нудат постојните вакцини.
Вакцината GRT-910 најпрвин ќе биде тестирана на луѓе над 60 години во Манчестер и ќе се испита дали го зајакнува имунолошкиот систем по првата доза, објави денеска „Гардијан“.
Испитувањата се спроведуваат во Истражувачкиот клинички институт во Манчестер.
Професорот Ендру Устијановски од Универзитетот во Манчестер, еден од авторите на студијата, рече дека научниците се „свесни оти имунолошкиот одговор опаѓа по првата генерација вакцини, особено кај постарите лица“.
„Поради фактот што новите видови се широко распространети, постои јасна потреба од постојана претпазливост со цел да се држи Ковидот подалеку од нас“, вели Устијановски.
Тој додава дека неговиот тим верува дека GRT-910 ќе биде силна, издржлива и ќе создаде силен имунолошки одговор, што ќе биде клучно за одржување на заштитата на постарата популација, кои се под посебен ризик од хоспитализација или смрт“.
Истражувањето се прави во соработка помеѓу американската фармацевтска компанија „Гристоун“, Универзитетот во Манчестер и Државниот фонд за јавно здравје (НХС) при Универзитетот.
Вакцината GRT-R910 е mRNA-вакцина од втора генерација за која се верува дека е самозасилувачка, се додава во текстот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

