Македонија
(Видео) Арсовски: Од извештаите на надзорната фирма се гледа дека на 20 август водоводот на „Варшавска“ бил завршен
Од извештаите на надзорната фирма се гледа дека на 20 август водоводот на ул. Варшавска бил завршен, ова е уште еден доказ дека Весковски и Шилегов работеле без тендер, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој рече дека во извештајот јасно пишува дека инвеститор е ЈП „Водовод и канализација“, а изведувач е „Кодинг“. На истиот документ јасно пишува од страна на надзорот, дека на 12 август изведувач е „Кодинг“ и веќе на тој истиот датум е стигнато и изведено до точка 18 согласно планот за активности. Она што е уште поголем доказ дека фирмата работи без тендер, вели Арсовски, е тоа што јасно надзорот посочува, потенцира и пишува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20 август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализациската мрежа.
„Ова е прилично сериозен доказ, којшто верувам дека ќе се обидат да го објаснат и институциите, но и ЈП ‘Водовод’. Уште еден доказ дека без тендер е работено на ул. Варшавска е што на реконструкцијата на водоводната мрежа е покренатата дисциплинска постапка против работници кои на 20 август се фатени дека не се на своето работно место, односно истите се седнати во кафеана. Истата дисциплинска постапка е реализирана и работникот е казнет од страна на директорот на ЈП ‘Водовод’ со 20% казна на плата еден месец. Ова е и можеби најголемиот апсурд во целиот овој случај, казнет е работник на ЈП ‘Водовод’ од страна на директорот со 20% на плата еден месец за работа, односно на работно место каде што се реконструирала мрежа, а немало ниту избор на најповолен понудувач, односно немало тендер“, рече Арсовски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека главната суштина е прекршување на Законот, односно кривичното дело согласно член 353, каде што Шилегов – Весковски наместиле тендер за фирмата КБК „Инженеринг“ и „Кодинг“.
„Бидејќи институциите спијат, целокупната документација што ја објавувавме на прес-конференции овие денови, но и онаа којашто не ни е објавена, а има прилично обемна документација, заедно со кривичната пријава, којашто веќе е подготвена од страна на правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги поднесеме утре до Јавното обвинителство во име на ВМРО-ДПМНЕ, односно до секторот за организиран криминал“, изјави Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

