Македонија
СДСМ: Мицкоски повторно пред избори оди кај Никола Груевски, неговиот шеф и главен финансиер, по пари и совети

Пред секои избори, Мицкоски или некој од партијата мора да отиде во Будимпешта, кај неговиот ментор, шеф и главен финансиер Никола Груевски, реагира СДСМ по информацијата за средбата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Минатата година, пред изборите Мицкоски исто така беше во Будимпешта. Ако тогаш отиде за Груевски да му ги состави листите за пратеници, дали сега Мицкоски отишол по пари за кампања за овие избори?
Новите насоки за деструктивност, блокади и кочење на републиката што Мицкоски ќе ги добие од Груевски ќе видиме.
Очигледно е дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на Никола Груевски, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште е раководена од Будимпешта.
Затоа на овие избори, нереформираната ВМРО-ДПМНЕ и нејзините погубни политики уште еднаш ќе бидат поразени од граѓаните“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.