Свет
(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат
Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и слевајќи се кон Атлантскиот Океан.
Ова според вулканолозите е прва вулканска ерупција во последните 50 години на тој архипелаг западно од Африка.
„Канарските Острови се безбедни и може да се посетат, а ерупцијата на вулканот таму создава прекрасно шоу“, изјави вчера шпанската министерка за туризам, Марија Рејес Марото.
Неколку часа потоа беа евакуирани пет илјади луѓе поради ерупцијата на вулканот.
Lava swallowing homes, today in La Palma, Canary Island pic.twitter.com/FFJASdpxGf
— Joaquim Campa (@JoaquimCampa) September 19, 2021
„Островот е отворен“, изјави Марото нарекувајќи ја ерупцијата прекрасно шоу.
Нема ограничувања за патување на островот. Всушност, ние споделуваме информации со туристите за да знаеме дека може да уживаат во нешто невообичаено, да го видат со свои очи“, рече таа.
? #VÍDEO | Imágenes de la lava del volcán de La Palma en el interior de una vivienda pic.twitter.com/XllTcNQiAW
— EL ESPAÑOL (@elespanolcom) September 20, 2021
Подоцна околу 360 туристи беа евакуирани од летувалиштето во Ла Палма и беа однесени на блискиот остров Тенерифе, изјави портпаролот на бродската компанија, Фред Олсен.
Una isla que aún está en formación. Las más joven del archipiélago Canario, La Palma solo tiene 2 millones de años mientras las otras 6 tienen en promedio una edad de 20 millones de años. #Lapalmaerupcion #Canarias pic.twitter.com/jy327zFcw0
— Gregorio Marrero (@gregmarrero) September 20, 2021
Уште 180 туристи би можеле да бидат евакуирани подоцна во текот на денот, додаде тој.
Регионалниот лидер Виктор Торес рече дека лавата од вулканот ќе стигне до морето во 20 часот по локално време додавајќи дека вулканот ќе биде активен уште неколку дена. Досега се евакуирани илјадници луѓе, а лавата буквално проголта неколку куќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Објавена фотографија од Нетанјаху како зборува на телефон, камерата му е покриена со селотејп
Фотографија од израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, на која зборува на телефон брзо стана жешка тема на дискусија на социјалните медиуми и во меѓународните кругови.
Детал што никој не го пропушти е селотејпот преку камерата на неговиот мобилен телефон.
Иако на прв поглед изгледа невообичаено за лидерот на технолошки напредна земја, експертите истакнуваат дека станува збор за строга безбедносна мерка.
Се верува дека Нетанјаху го користи селотејпот за да спречи неовластено снимање во чувствителни области, хакерски напади што би можеле да овозможат камерата да се активира од далечина, како и дигитален надзор и собирање класифицирани визуелни податоци.
Netanyahu’s mobile phone camera covered with tape pic.twitter.com/Rvp2x4TKTF
— Globe Observer (@_GlobeObserver) January 26, 2026
Овој потег не е изолиран случај. Сè поголем број високи политичари и безбедносни службеници ширум светот прибегнуваат кон слични „аналогни“ методи на заштита во дигиталното доба. Во време кога софистицираниот шпионски софтвер како што е Пегазус стана вистинска закана, дури и наједноставната физичка бариера, како што е парче лента, се смета за ефикасна заштита.
„Во светот на високата политика, приватноста на комуникацијата е бесценета. Камерата со лента е јасен сигнал дека никој, дури ни премиерот, не е имун на потенцијални дигитални упади“, велат безбедносните аналитичари.
Додека некои ја фалат претпазливоста и свеста на премиерот за сајбер безбедноста, други на социјалните мрежи коментираат за иронијата во која лидерот на една од водечките светски сили во областа на сајбер технологијата мора да користи селотејп за да се чувствува безбедно.
Фотографијата повторно разгоре поширока дебата за ранливоста на паметните телефони и ризиците на кои се изложени личните податоци на сите корисници, не само на владини претставници.
фото/Depositphotos
Свет
Aмерика го напушти Парискиот договор за климатски промени
САД по втор пат официјално се повлекоа од Парискиот договор за климатски промени, по одлука на претседателот Доналд Трамп, кој ја потпиша извршната уредба на денот на инаугурацијата, 20 јануари 2025 година. Повлекувањето стапува во сила денес, една година откако Обединетите нации ја примиле официјалната нотификација.
Со ова, САД повеќе не се сметаат за обврзник во напорите за ограничување на глобалното затоплување, а се создава и значителна финансиска празнина, бидејќи земјата досега финансирала програми за ублажување и адаптација на климатските промени, особено во посиромашните држави.
САД се втор најголем емитер на стакленички гасови во светот, по Кина. Според проценките на ОН, врз основа на сегашните политики, светот се движи кон пораст на глобалната температура од 2,8 степени до крајот на векот. Повлекувањето на САД може да придонесе за дополнително зголемување од 0,1 степен, што, според научниците, значително ги влошува климатските последици.
Свет
Франција му возврати на Руте: Европа може и мора сама да се брани
Француската влада остро реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Европа не може да се одбрани без Соединетите Американски Држави.
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро порача дека Европејците „можат и мораат“ да преземат одговорност за сопствената безбедност, нагласувајќи дека и САД се согласуваат со потребата од европски столб во НАТО, објави Политико.
Руте, обраќајќи се во Европскиот парламент, изјави дека континентот не може да се одбрани без американска поддршка и се спротивстави на идејата за европска војска, оценувајќи дека „европскиот столб на НАТО е донекаде празна фраза“.
Во меѓувреме, по враќањето на Доналд Трамп на власт, американската администрација сигнализира помала вклученост во европската безбедност. Новата Национална одбранбена стратегија на САД наведува дека Европејците треба да преземат водечка улога, оценувајќи дека Европа е економски и воено способна да се брани од Русија.
На изјавите на Руте реагираа и други француски претставници. Поранешната амбасадорка на Франција при НАТО, Муриел Доменак, оцени дека истакнувањето на европската слабост испраќа погрешна порака до Русија. Француската министерка за вооружени сили, Катрин Вотран, истакна дека денес е неопходен европски столб во рамки на НАТО, идеја што веќе ја поддржуваат и други земји, меѓу кои и Германија.

