Македонија
Ново издание на бизнис-трката Business Run 2021

На 25 септември во Скопје ќе се одржи Business Run 2021, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис-сектор. Правилата и процедурите на ова издание на трката се прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од ковид.
За трката можат да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и сл. субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Република Македонија.
Трката ќе биде штафета со 4 измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга 8 километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2.000 метри.
На последното издание на трката најбрз беше тимот на Комерцијална банка, втор беше тимот на Фитнес парк, а третото место го освои екипата на Унибанка.
Сите заинтересирани своите тимови можат да ги пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата www.prvdovrv.mk, заклучно со денес. Нема ограничување за бројот на тимови што може да ги пријави секоја компанија.
Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и во женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.
Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.
Организатор e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Грижата за пензионерите е приоритет оти дали е добра оштината се мери по тоа како се грижи за своите највозрасни, вели Меџити

Kандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го посети Здружението на пензионери. Се сретна со нивните претставници кои имаат назаменлив придонес во изградбата на општеството.
„Оваа посета има посебно значење за мене. Не сум тука само да слушам, туку да покажам дека ветувањата се реализираат“, рече Меџити и укажа на важноста на конкретната поддршка за возрасните лица.
Во рамките на посетата, тој информираше дека Здружението на пензионери веќе користи дополнителен простор за дневни активности, како дел од заложбите оваа категорија граѓани да биде поактивно вклучена во општествениот живот.
Меџити потсети дека во текот на оваа година, поддршката од Владата за пензионерите е видлива, со зголемување на пензиите како директна мерка за подобрување на економската сигурност на повозрасните граѓани.
Од 1 октомври е реализирано ново зголемување, а со најавеното зголемување во март, пензионерите ќе добијат вкупно 7.000 денари покачување, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот животен стандард.
„Грижата за пензионерите е клучен дел од мојата политичка програма. Ќе продолжиме да инвестираме во просториите, услугите и благосостојбата на пензионерите. Зашто една добра општина се мери и по тоа како се грижи за
своите највозрасни“, рече Меџити.
Македонија
Левица: Премиере, наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Политичката партија Левица преку соопштение до медиумите му постави неколку прашања на премиерот Христијан Мицкоски.
„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас. Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, секојдневно ја дискредитира својата функција со контрадикторни изјави – наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица.
Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели.
Во обид за политички маркетинг, Мицкоски продолжува со своето себепонижување во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше и повикуваше своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, претставувајќи го како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, градови кои ВМРО и СДСМ одамна ги избришаа од мапата на Македонија.
Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?
Да потсетиме, кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Заев, на таа маса седеше и Левица. Додека ние го баравме „исчезнатиот“ пратеник поради кој таа влада не падна, Вие објавувавте слики како вадите масно ткиво. Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?
А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До
Македонија
Извршителите ќе имаат увид во пензиите, Правда потпиша меморандум за соработка со Комората на извршители и Фондот за пензиско

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци, почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории, особено пензионери со минимална пензија, јасни и транспарентни процедури и поефикасно спроведување на извршувањата.
„Со овој чекор се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување од страна на сите засегнати страни“, велат од Министерството за правда.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат градат правосуден систем врз принципите на доверба, отчетност и транспарентност, со посебна грижа за најранливите граѓани.