Спорт
Суринамскиот потпретседател е и фудбалер, капитен, газда, командос!
Рони Брансвајк, 60-годишниот потпретседател на Суринам, беше стартер и одигра 54 минути за Интер Менготапе на вчерашниот меч од ЦОНЦАЦАФ-лигата од Олимпија.
Брансвајк, кој е сопственик и претседател на клубот, беше и капитен на тимот и играше до второто полувреме пред да биде заменет. Неговиот тим немаше многу среќа и загуби со 6:0.
Брансвајк е поранешен лидер на Суринамската ослободителна армија, попозната како „Команданти во џунглата“, и во 1985 година се бореше за правата на Афросуринамците, а потоа беше дел од граѓанската војна од 1986 до 1992. По војната, Холандија, која до неодамна имаше суверенитет на оваа јужноамериканска земја, го обвини Брансвајк за продажба на дрога и тој беше осуден во 1999 година.
Фудбалот му е втора страст – тој покрај тоа што е играч и сопственик на Интер Менготапе, го изгради и стадионот на клубот, кој го носи неговото име. Во 2005 година тој беше суспендиран затоа што му се закани на фудбалер со пиштол пред во 2012 да биде суспендиран за закана кон судијата.
So…the Vice President of Suriname, who is 60 years old, is PLAYING in Concacaf League against Olimpia tonight, captaining the team he owns. pic.twitter.com/Ktij4FiOoZ
— Jon Arnold (@ArnoldcommaJon) September 21, 2021
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Карагер: Салах ме разочара, се однесува себично
По победата од 3:2 на гостувањето кај Саутемптон во неделата, Мохамед Салах со новинарите сподели детали околу неговата иднина во Ливерпул.
Договорот на Египќанецот истекува на лето, а за можното продолжување на соработката изјави: „Речиси сме декември и се уште не сум добил понуда да останам во клубот. Веројатно повеќе сум надвор отколку внатре. Ситуацијата не е во моите раце, како што реков, декември е, исто така, не знам ништо за мојата иднина“.
Изјавата на Салах ја критикуваше легендата на Ливерпул и аналитичар на „Скај Спорт“, Џејми Карагер. Англичанецот истакна дека е разочаран од однесувањето на Салах.
„Секако дека имаше дискусии. Во моментов очигледно, Салах и негвиот менаџер со челниците на Ливерпул не можат да се согласат во однос на должината на договорот“, рече Карагер и дополни.
„Значи, Ливерпул сè уште не му понудил договор затоа што во клубот знаат дека Мо Салах ќе го одбие. Тие се уште се во преговори. Но, морам да кажам дека сум разочаран од Салах. Тоа интервју… Ливерпул игра со Реал Мадрид утре, а потоа и со Манчестер сити. Тоа треба да биде во фокусот на Ливерпул“, истакна тој и потоа упати уште една критика кон најдобриот играч на Ливерпул.
„А што се однесува до Салах, ние сме свесни, локалните новинари кои го следат клубот, дека тој застана во микс зоната двапати во седум години. Сега застана по трет пат на гостувањето кај Саутемптон Ливерпул победи со пресврт. Ако продолжи да коментира тој или неговиот менаџер продолжи да објавува мистериозни твитови, тоа е себично“.
Спорт
Реал одбил две понуди за Арда Гулер
Арда Гулер не игра многу од почеткот на сезоната, но Реал Мадрид нема намера да се откаже од неговите услуги.
Инсајдерот Фабрицио Романо денеска откри дека Реал Мадрид добил две понуди за Гулер, но дека и двете ги одбил со јасна порака дека Турчинот по никоја цена нема да го напушти клубот.
Гулер пристигна во Реал Мадрид како залог за иднината во летото 2023 година за 20 милиони евра. Оваа сезона одигра 13 натпревари, но најмногу од клупата, бидејќи на теренот мина само 382 минути.
Сепак, Гулер има само 19 години и му претстои блескава иднина, потврди Фабрицио Романо, кој не ги именуваше клубовите кои испратиле понуди за Гулер.
Имаше и шпекулации дека Арсенал сака да го донесе на позајмица во јануари, а потоа да го откупи неговиот договор. Нешто слично во минатото Арсенал направи со Мартин Едегор, но Реал со Гулер има поинакви планови.
Спорт
Гвардиола: Ви гарантирам дека брзо ќе се извлечеме од оваа криза
Петте порази на Манчестер сити во низа во сите натпреварувања е нешто со што за прв пат во кариерата се соочува менаџерот Пеп Гвардиола. Шпанецот пред вечерашниот дуел со Феенорд во петтото коло од Лигата на шампионите изјави дека верува во подобри денови.
Последниот неуспех „граѓаните“ го претрпеа на натпреварот со Тотенхем. Во саботата на „Етихад“, Тотенхем победи со 4:0.
„Кога започна нашата негативна серија, на сите им кажав дека моја должност и работа е да најдам излез од се. Очигледно е дека сè уште не сум го нашол вистинскиот пат и сè уште го барам. Морам да кажам дека никогаш повеќе не сум имал верба во овој тим. Ќе се справиме брзо, гарантирам. Засилувања во текот на зимата? Кога мојот тим е заедно, без повреди, тогаш апсолутно ништо не му недостига“, изјави Гвардиола.
Голем проблем беше повредата на Родри, официјално најдобриот фудбалер на светот, без кој тимот го нема потребниот биланс на средината на теренот.
„Тешко е да се справиш со фактот дека треба да играш без Родриго, кој беше прогласен за најдобар во светот. Имавме и други повреди, а сега Ковачиќ и Рубен Диас се надвор од терените. Јасно е дека не сме во конфорната зона, но знам дека наскоро ќе дојде фазата кога повторно ќе победуваме“, оптимист е шпанскиот стручњак.
Сити заостанува осум бода зад лидерот Ливерпул во Премиер лигата на кого ќе му гостува во недела. Што се однесува до Лигата на шампионите, тие имаат седум бода од четири кола и се чини дека доаѓањето на Феенорд е идеална можност за прекин на лошата серија.