Спорт
Обрадовиќ строго забрани мобилен на тренинг и на појадок во Партизан
Кошаркарите на белградски Партизан со новиот кормилар Жељко Обрадовиќ в понеделник ќе го имаат првото АБА-искушение на гости кај Задар. Подготовките завршија. Трофејниот тренер имал 50-минутно предавање на разни теми. Една од нив била и користењето на мобилните телефони.
„Суштината на тренерската работа е да им помогнеш на играчите. Достапен сум ви 24 часа за што и да било. Не носам телефон на тренинг и на појадок и тоа го барам и од играчите. Концентрацијата е неопходна. Кога ќе влезам во автобусот и ќе ги видам како ги разгледуваат телефоните, знам каков ќе биде тренингот“, рече Обрадовиќ.
Неколкупати нагласуваше дека концентрацијата е многу важен фактор.
„Имав можноста од искуство да видам како е на тренинг едно нешто на еден да му го објасниш еднаш, а на друг стопати и нема шанса да те разбере. По тоа се разликуваат играчите. Вистинските кошаркари се концентрирани, на другите можеш да им зборуваш, да им зборуваш – бадијала. Пред сѐ, на оние младите им кажувам дека има и други работи во животот, некои се лутат, некои се благодарни“, вели Обрадовиќ.
Тој сподели и примери од периодот додека беше на кормилото на Фенербахче.
„Таму имав 120 опции во нападот, сега во Партизан имам 15. Еден час и 45 минути работев 5 наспроти 0. Некои не може да ги разберат ниту наједноставните работи. Ако имате лесен кош на тренинг, не значи дека нападот е добар, во поголем број случаи тоа значи дека одбраната е лоша“, заклучи популарниот стратег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

