Економија
Заев на „Преспански јаболкобер 2021“: Ние знаеме да го цениме трудот на овоштарите
Премиерот Зоран Заев денеска во Ресен го означи почетокот на манифестацијата „Преспански јаболкобер 2021“, со што почна годинешната берба на јаболката во Преспа.
„Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството. Тоа го правиме во континуитет во двата мандата на оваа Влада. Во 2018 година 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари за килограм“, истакна Заев.
„Оваа Влада нема да ги остави земјоделците и овоштарите и секогаш ќе биде во дослух со нивните потреби и реални очекувања. Ние знаеме да го цениме и вреднуваме нивниот труд и придонес за нашата економија. Затоа носиме одлуки што секогаш ќе бидат на страната на земјоделците и овоштарите“, потенцира премиерот.
Посочи дека оваа година и покрај корона-кризата и глобалната економска криза, државата ги исплати субвенциите за овоштарство во износ од речиси 9,5 милиони евра, а реализацијата на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година бележи висок степен на реализација од почетокот на годината.
„Оваа година почна проектот со Светската банка – проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија“, нагласи Заев.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, истакна дека Министерството и Владата континуирано го поддржуваат овоштарството и како една од мерките, покрај зголемените субвенции, се и картичките за зелена нафта.
„Конкретно во Ресен се доставени речиси 2.000 картички. Дополнителни придобивки овоштарите имаат и од воведувањето на мерките за мотивација на младите земјоделци и руралните жени, а од особено значење е и усогласувањето на нашата правна регулатива со европската. Конкретно во делот на здравјето на растенијата, што подразбира и намалена употреба на агрохемиски средства, односно помалку пестициди, токму Ресен е пример на успешна интегрална заштита на јаболката и сѐ помала употреба на производите за заштита на растенијата, која во последните 10 години е намалена 30 %“, рече Хоџа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

