Македонија
Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти Министерството за здравство. Кај лицата над 40-годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55 %, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза вакцина изнесува 31 %.
„Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9 %), Кавадарци (64,3 %), Гевгелија (61,4 %) и во Неготино (65,1 %). Помеѓу 50-60 % опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Демир Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и во Пробиштип. Помеѓу 40-50 % опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод, Скопје и во Тетово. Помеѓу 30-40 %, односно најмалку вакцинирани во моментот, има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и во Радовиш“, наведува Министерството.
Во тек е вакцинација во постојните вакцинални пунктови во државата, каде што граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.